Денови на европската култура во Битола

Печати

( 0 Гласа )

Со оглед на кандидатскиот статус на Република Македонија за членство во ЕУ, значајно е нашите граѓани да бидат запознати со културното богатство на земјите членки. За таа цел, матичната и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски ги организира деновите на европската култура во Битола во рамките на БИТФЕСТ 2013 година. . Различните култури и нивното прифаќање се предуслов за развој на човекот, негова еманципација и проширување на културното богатство. Исто така, тие се предуслов за подобро меѓусебно разбирање на народите и нивно зближување. Со таква цел во библиотеката Св. Климент Охридски се реализираат деновите на европската култура во Битола започнувајќи од 09.07.-12.07.2013 година.
Значајна помош при реализацијата на овој проект библиотеката доби од почесните конзулати на земјите застапени во него, во однос на книги и останати материјали кои ги афирмираат земјите на културно поле. Во рамките на проектот беа прикажани кратки документарни филмови за секоја земја вклучена во проектот.