„Помеѓу јавноста и приватноста: библиотеките во времето на е-книгата“

Печати

( 0 Гласа )

„Помеѓу јавноста и приватноста: библиотеките во времето на е-книгата“ од авторките Александра Хорват и Даниела Живковиќ во издание на Хрватската Академска издавачка куќа е најновата книга на овие две еминентни познавачи на информациските науки. Таа претставува логично продолжение на нивната претходна книга "Библиотеките и авторското право" која можете бесплатно да ја симнете на http://darhiv.ffzg.hr/2002/ . „Помеѓу јавноста и приватноста: библиотеките во времето на е-книгата“ е од исклучителна важност за библиотекарско-информациските науки и претставува современ приказ на денешните состојби концентрирајќи се на феноменот на електронската книга и заштитата на приватните податоци на корисниците во дигиталната ера. За повеќе информации погледнете го деталниот приказ на книгата.