Промоција на книга ЛИНКЕСТИДА И ДЕВРИОП

Печати

( 0 Гласа )

Во салата за промоции на универзитетската библиотека “Св. Климент охридски“ се одржа промоцијата на книгата “Линкестида и Девриоп“ од проф. д-р Виктор Илчиќ.
Македонските археолози за 1000 цивилизациски точки во период од бронзено, железно време, рана антика, полна и доцна, па се до средниот век истражиле во околу 85% преку научно истржувачки трудови на Филозовскиот факултет.
Промовираната книга, односно првиот том се однесува на древно античката македонска област кралствотот на Линкестите северниот дел од Битола, а во овој прв том публиковани се околу 40 цивилизациски точки.
-Ова е прв том, а замислата е да се публикува едиција од 17 тома на така наречениот корпус во кои ќе се прикажат сите тие цивилизациски точки во Македонија, рече денес на промоцијата додава авторот Илчиќ.
Вториот дел или од 8-17 том ќе бидат локалитети од доцниот античкиот период.
Според Илчиќ бил на добар пат да се откие центарот на кралството на Линкестите, градот Линк кој вели ако се открие ќе биде светска сензација, нејзиниот крал бил прадедото на Александар Македонски. Покрај Линк во оваа книга истражувањата се однесуваат на древната античка област - Кралството на Линкестите, односно северниот негов дел кој се наоѓа во битолскиот крај и областа на Девриоп, која се наоѓа во демирхисарско.
Според авторот на оваа книга истражувањата, локалитетите и стари градби ќе бидат од голем продонес кон туристичката понуда на Македонија.