Битолската универзитетската библиотека се претстави во Пловдив

Печати

( 2 Гласа )

НУУБ „Климент Охридски“ – Битола и библиотеката „Иван Вазов“ во Пловдив, Бугарија остварија меѓународна соработка која е одлична можност за претставување на изданија од битолската библиотека, а воедно и претставување на градот Битола и Република Македонија.

Изложените изданија беа подарени на пловдивската библиотека „Иван Вазов“. Беа промовирани изданијата „Библиотеките во Битола“ и „Библиотеките во манастирите и црквите во Преспанско-пелагонискиот регион“ во издание на НУУБ Климент Охридски.

Битолската библиотека ја претставуваа Науме Ѓорѓиевски – директор, Анета Стефановска  – советник виш библиотекар, Благој Николов  – програмски директор, Зоран Јанакиевски.

http://nuub.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=624:-29062012-&catid=81:2011-05-25-17-56-15&Itemid=97