НУУБ „Св.Климент Охридски“- Битола дел од Светската дигитална библиотека и Конгресната библиотека

Печати

( 0 Гласа )

Директорот на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола г–дин Науме Ѓорѓиевски  оствари работна средба со претставници од Конгресната библиотека – Соединетите Американски Држави (Library of Congress) и Светската дигитална библиотека (World Digital Library) со господата Mr. Grant G. Harris and Mr. Jason Yasner и претставници од американската амбасада во Р.Македонија.
Средбата се одржа на ден 17 Април 2012 година во просториите на библиотеката.

На средбата се разговараше како наскоро НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола  да стане член на Светската дигитална библиотека со седиште во Вашингтон и Конгресната библиотека.
Сите дигитализирани материјали што ги поседува библиотеката ќе може да ги користат членки од целиот свет што е од големо значење како за самата библиотека, така и за градот и целата држава.

Целта и вредноста на тоа што го имаме е споделбата на културното наследство, на културата и на се она што го има една земја, да го приложи и да биде достапно до секој студент , кој од дома ќе може да има пристап на една голема колекција на материјали кои ги има Дигиталната светска библиотека