НУУБ „Св.Климент Охридски„ - Битола го одбележува 23 Октомври - Денот на македонската револуционерн

Печати

( 0 Гласа )

Македонија годинава по петти пат го празнува 23 Октомври како државен празник.


На овој ден 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор.


Формирањето на ВМРО значеше почеток на организираното македонско револуционерно движење  кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ  резултира со создавање  модерна самостојна македонска држава.


По повод  23 Октомври – денот на македонската револуционерна борба, НУУБ „Св. Климент Охридски“ од Битола, во холот на Библиотеката припреми комбинирана изложба на книги кои се тематски поврзани со празникот .

Изложбата ќе биде отворена од 21–29 Октомври 2011. Влезот е слободен од  07 до 20 часот