IFLA – 77 Светски конгрес за библиотеки и информации 2011

Печати

( 1 Глас )

Од 13-18 август 2011 година во Сан Хуан, Порто Рико се одржа 77-от по ред Конгрес на IFLA (Меѓународна федерација на библиотечни институции).
Овој настан се одржа во најголемиот конгресен центар на Карибите и технолошки најнапредниот во цела Латинска Америка. На истиот, во името на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, беше г-ѓа Анета Стефановска, при што оствари контакти со многу претставници на библиотеки ширум светот и на тој начин се отвори можност и простор за понатамошна соработка во рамките на библиотекарството и Библиотеката како институција.
Сè ова придонесува кон застапување на Библиотеката во светски рамки и појавување на картата на библиотеките во светот како центар на збиднувања во нашата татковина.