Остварена меѓународна соработка помеѓу Градската библиотека од Задар и НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола

Печати

( 1 Глас )

На 21.07.2011 година, претставници од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, во состав: Анета Стефановска, Илче Стојановски и Зоран Јанакиевски престојуваа во Градската библиотека во Задар, Р. Храватска, како дел од проектите за меѓународна соработка одобрени од Министерството за култура на Р. Македонија за 2011 година. Во програмскиот дел од посетата во Градската библиотека во Задар, покрај разговорите за соработка со директорот Иван Пехар и неговите соработници беше разгледана Библиотеката, а во продолжение преку мултимедијална програма, во мултимедијалната сала на Градската библиотека во Задар пред присутните беше претставена Р.Македонија, градот Битола и НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. Во вториот дел од програмата беше потпишан Договор за заедничка соработка меѓу Библиотеките од Битола и Задар, а воедно беше отворена изложба на 30-тина наслови, книги – изданија на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, при што истите им беа подарени на домаќините – Градска библиотека – Задар и истите ќе станат дел од нивниот книжен фонд. Во третиот дел од Програмата пред присутните беа претставени две книги – изданија на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, и тоа „Библиотеките во Битола“ и „Библиотеките во црквите и манастирите во Преспанско – пелагонискиот регион“. Во текот на посетата исто така се оствари средба и со Мирјана Мајиќ - претставник на Македонското национално малцинство за Задарска жупанија, како и други присутни членови кои ја следеа програмата и кои допринесуваат за соработката помеѓу хрватскиот и македонскиот народ. Во врска со потпишаниот Договор за соработка се огласи и Задарската жупанија со пригодна порака во која ја поздрави соработката помеѓу двете земји и библиотеки, воедно напоменувајќи дека Македонците се добар и топол народ со кој секогаш е задоволство да се соработува.