Слушај книга

Печати

( 1 Глас )

НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ во соработка со Студентското радио УКЛО ФМ и Детската градинка „Естреја Овадија Мара“ го организира настанот „Слушај книга“.

Настанот  се одржа на ден 09.06.2011 година (четврток) со почеток во 11.00 часот, во просториите на НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“.

Ваков тип на настан прв пат се одржува во Македонија и има за цел да промовира иновативни начини на дружење со книгата.

На настанот е промовирана иницијативата на НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ за креирање аудио библиотека на книги. Ова е особено важно бидејќи: некои луѓе имаат проблем со видот, постојат луѓе кои од различни причини не се во можност да читаат книги, читањето им претставува напор, подобро се релаксираат и чувствуваат слушајќи книга, при долги патувања може да слушаат книга, некои луѓе подобро се концентрираат и помнат слушајќи книга, малите деца сакаат да слушаат книга, некои луѓе не можат да држат книга во раката.

Преку настанот сакаме да им дадеме шанса на сите подеднакво да уживаат во содржините на книгата. Книгата е посебна цивилизациска придобивка, а со развојот на техниката и технологијата и нивната достапност не мора да се само на хартија.

Во студиото на Универзитетското  радио УКЛО ФМ е снимена  приказната Снежана и седумте џуџиња. Додека се слушаше приказната, децата кои ја посетуваат детската градинка „Естреја Овадија Мара“, изведоа драматизација на истата приказна.

 

Заинтересираните читатели – слушатели ќе можат да ја слушаат приказната „Снежана и седумте џуџиња“ на следниот линк

http://soundcloud.com/ljucbt/track