Промоција на „Бранувања“, портрет на авторот Христо Петрески и изложба на книги од струшки автори

Печати

( 1 Глас )

Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ од Битола, на 4 март 2011 година, со почеток во 12 часот во салата за промоции се одржа промоција на списанието „Бранувања“ и портрет на писателот Христо Петрески од Скопје. Како пропратен дел од програмата во холот на Библиотеката беше поставена изложба на книги од струшки автори. Пред присутните гости поздравна реч имаше директорот на Библиотеката г-дин Науме Ѓоргиевски. Промотор на списанието беше проф. д-р Виолета Маневска од Струга, свое обраќање за списанието имаше и м-р Мерсиха Исмајлоска, а песната Т'га за југ ја изрецитира правнукот на Миладиновци. За творештвото во отсуство на авторот Христо Петрески говореше г-дин Петре Шипинкаровски од Струга уредник на списанието. Во салата за промоции на витрина беа изложени делата на авторот Христо Петрески по повод неговиот портрет.                         Подготвил г-дин Драги Кабровски