Продолжуваме со кампањата „Да им читаме на глас„

Печати

( 0 Гласа )

Овој пат во НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола ни дојдоа учениците од IV-г и IV-в одделение од ООУ„Стив Наумов“-Битола со своите наставници Никола Пискачев и Ирена Мацевска.
Учениците имаа можност да уживаат во прекрасните раскази „Пиштолче од дрво“ и „Чудотворен Кавал“ од македонскиот автор Ванчо Николевски, извадок од книгата „Раскази“, која им ја прочита библиотекарот Јасминка Кочевска.
Повеќе фотографии на следниот линк: Facebook - NUUB