НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ УЧЕСТВУВАШЕ НА ВТОРИОТ ФОРУМ НА БИБЛИОТЕЧНАТА УНИЈА НА КИНА И ЦИЕ

Печати

( 0 Гласа )

Библиотеките во предизвикувачки времиња нудат значајна поврзаност и нови пристапи кон дизајнот на библиотеката!

Вториот форум на библиотечна унија на земјите од Централна и Источна Европа и Кина се одржа во Скопје од 13 - 14 октомври 2021 год. во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“. Форумот го поздравија и подржаа значајни личности од политичкиот живот,  министри за култура на Н.Р.Кина и Р.С. Македонија, амбасадор на Н.Р. Кина во Р.С. Македонија како и претседател на ИФЛА Барбара Лисон.

НУУБ „Св. Климент Охридски“ е членка на „Библиотечна унија на земјите од ЦИЕ од 2018 година кога беше одржан Првиот Форум на унијата во градот Ханџу НР Кина, во Градската библиотека каде се наоѓа и Секретаријатот на Библиотечната унија. Потпишувањето на Декларацијата на унијата за меѓусебна соработка на библиотеките резултираше со извонредни достигања во различни области во кои културната размена одигра важна улога во консолидацијата на на традиционалното пријателство и зајакнување на меѓусебното разбирање на земјите учесници. Во областа на библиотечното работење се разменаа искуства од областа на заштита на културното наследство, техники и начини за конзервација на старите ракописи, авторското право и современи начини за анимација на корисниците а темите на годинашниот  форум  се однесуваа на интеграцијата на библиотеките во пост-пандемиски услови за работа , развој на иновативните сервиси и т.н. „паметни“ библиотеки, развој на библиотечното работење помеѓу традиционалното и дигитално доба, со посебен осврт на технолошки достигања и  трендови во дигитализацијата поврзани со научни сознанија и иновации во заштита на старите ракописи. Форумот се реферираше и на темите од областа на промоција на читањето и  библиотечни терапии како своевиден излез од психолошките ефекти од рестриктивните мерки  во времето на пандемијата. На покана од организаторот м-р Јелена Петровска го водеше Првиот модул на Форумот на тема „Интеграција на библиотеките во пост-пандемиска ера . Што е следно?

Одржани се и две работилници од Р.Србија предавач Мирољуб Стојановиќ на тема „Дигитална библиотека – Омека-Агрегатор“ со детални упатства за користење на бесплатни алатки за дигитализација и Мирко Марковиќ „Облици и методи на дигиталните комуникации – социјални мрежи и БИБЛИОНИЦА“. Работилниците беа инспиративни и високо професионални со што допринесоа за едукација на библиотекарите и отворање на поле за меѓусебна соработка и развој на идни библиотечни проекти.

Заклучок на овој многу значаен собир се однесува на иднината на Библиотечната Унија, на меѓусебната соработка и размена на библиотекари. Се донесе и нов Акционен план за работа за период 2022/23, со мапирање на професионалните потреби, умрежување, размена на дигитални содржини, чување и презентација на културните вредности помеѓу членките.

м-р Јелена Петровска, програмски раководител