"Сите во библиотека“

Печати

( 0 Гласа )
НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски “- Битола на сите студенти од прва година им го честита стартот на нивните студии и им посакува успех во студирањето.
Ви нудиме едногодишно бесплатно членство во нашата Библиотека.
Сѐ што треба да направат студентите е да дојдат во нашата Библиотеката со индекс или легитимација како потврда дека се запишани во прва година студии на било кој факултет и да се зачленат во Библиотеката.
Нашата библиотека Ви нуди најсовремени услови за учење, пребарување во базата на податоци COBISS и други бази за научни истражувања, богат избор на стручна литература, бесплатно Wi-Fi, климатизирани читални.
Правото на бесплатно запишување во Библиотеката, студентите може да го искористат најдоцна до 1.11.2021 година.