НАШИТЕ 75 ГОДИНИ – ИЗЛОЖБА

Печати

( 0 Гласа )

По повод одбележувањето на патрониот празник, а воедно и 75 години раст и развој на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, во холот на библиотеката поставена е изложба „Нашите 75 години“ на која претставени се неколку одделни поставки.

- Монографски изданија за Св. Климент Охридски, како и изданија на Библиотеката во овие плодни 75 години раст и развој

- Публикации на Библиотеката кои се издадени во 2020 година

- Најновите книги во детскиот оддел

- Фотографии од вработените кои дале свој придонес, Библиотеката да биде она што е денес.

- Збирката разгледници

Богатата и разновидна дејност на Библиотеката ќе биде поставена од 4 до 11 декември 2020 година.

Ве покануваме да ја посетите за достојно да го одбележиме патронот и 75-те години плодна и активна дејност што библиотеката ја има во збогатувањето на културниот живот на нашиот град.

Повеќе фотографии на следниот линк: Изложба