Дигитализација на културните активности во Битола низ страниците на периодиката

Печати

( 0 Гласа )

Дигиталната трансформација на културното богатство претставува нов и модерен начин на институционално работење при што се создаваат и обезбедуваат нови услуги за нашите корисници, а воедно претставува зачувување и мултимедијално презентирање на нашето културно наследство.

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, поточно одделението за комплетирање и обработка на периодични публикации преку реализацијата на проектот „Дигитализација на културните активности во Битола низ страниците на периодиката во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола : во период до 1955 година“ ќе придонесе за зачувување и промоција на материјалите кои одбележале дел од културната историја на Битола, опфатени до 1955 година.

Дигитализираните материјали ќе им бидат од голема корист и значење на сите оние кои сакаат да дознаат за културното минато на нашиот град, но и на сите културни работници на Битола кои се занимаваат со научно-истражувачка дејност од областа на библиотекарството, театарот, музеите, архивите, од областа на литературното творештво, ликовната и филмската уметност, како и новинари, а пред се на научните работници од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Досегашните дигитализирани статии можете да ги погледнете во нашата дигитална библиотека на следниот линк: Статии