Стручен собир на библиотекарите од факултетските библиотеки во Битола

Печати

( 0 Гласа )

На ден 22.10.2020 г. во Националната универзитетска библиотека - Битола се одржа Првиот стручен собир на библиотекари од факултетските библиотеки. Темата на собирот беше „Организација и услуги на факултетските библиотеки на Универзитетот „Св. Климент Охридски Битола“ – развој на библиотечната дејност“. На собирот учествуваа библиотекарите од факултетските библиотеки на УКЛО и беа испочитувани сите процедури за организирање на настани за време на пандемија со ковид-19. На собирот се укажа на стручноста на библиотекарите и потреба за користење на референтна литература на студенти и научни работници на Универзитетот, но пред се и на значењето на библиотечните сервиси на ниво на Универзитетот како и потполна препознатливост во средината. На средбата исто така беа опфатени теми од организациската поставеност на факултетските библиотеки во интегриран универзитет, работа со библиотечната граѓа и корисници, управување со информации, автоматизација на библиотечното работење и изготвување на насоки за развој на библиотечната дејност што е од особено значење за евалуацијата, квалитетот и изведувањето на образовните програми на универзитетот. Како посебен дел беа обработени темите за стручно усовршување на библиотечниот кадар и можности за стекнување на стручни звања во струката.
Предавачи на Собирот беа библиотекарите м-р Јелена Петровска и Лидија Мирчевска.

 

 

 

 

 

 

Повеќе фотографии на следниот линк: Facebook link