Последно освежено на Среда, 29 Јули 2020 09:19 Објавено од Фатма Бајрам Среда, 29 Јули 2020 08:10
По донесувањето на Одлука за изменување и дoполнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на корона вирус COVID-19 и Протоколот за работа на библиотеки, музеи, галерии и изложбени простории и објавувањето во „Службен весник на РСМ“ бр.175 од 01.07.2020 година, библиотеката започна со работа на 06.07.2020 година (понеделник).
За безбедно и професионално функционирање на библиотеката се изготвени следните документи:
- План за отворање на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
- План и постапка за работа при отворање на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола во услови на пандемија
- Правилник за ракување со библиотечен материјал во услови на пандемија
Документите се подготвени во согласност со препораките на IFLA (The International Federation of Library Associations and Institutions) и со користење на стручната литература од искуства на библиотеките од регионот и светот.
Набавена е заштитна опрема за вработените и спроведени се постапките за целосно почитување на препораките и мерките предвидени од Владата на Република Северна Македонија.
За корисниците се подготвени известувања за можности за пребарување на библиотечната граѓа и користење на библиотекари информатори и истите се истакнати на влезот на библиотеката.