Кампања „Читај да го промениш светот“

Печати

( 0 Гласа )

Кампања „Читај да го промениш светот“
Читајте 15минути на глас. Секое дете. Секој родител. Секој ден.
Соединуваме родители позади едноставна и моќна порака
Членовите на младинскиот Интеракт Клуб Битола Широк Сокак“ и Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола покренуваат кампања за важноста на читањето во раната возраст како дел од светскиот план „Визија 2030“ со мото „Читај да го промениш светот“, во рамките на спроведување на ЕУ програма Целите за одржлив развој на УНЕСКО Агенда 2030.
Читајте 15 минути на глас. Секое дете. Секој родител. Секој ден.
Зошто?
Бидејќи читањето на глас секој ден е најбитно нешто што можe да се направи за стекнување на знаења и вештини потребни за полесно снаоѓање во едукативниот процес на детето.
Читањето од раната возраст помага да се развијат говорни вештини, да се збогати речникот на детето, да се запознае со светот на имагинацијата и уметноста, ги збогатува неговите вештини за слушање, помага во развој на перцепција, набљудување, внимание, размислување и логично расудување, а сето тоа ќе обезбеди трајно останување на врските во мозокот потребни за процесот на учење. Нашата кампања „Читај да го промениш светот“ е дел од светското движење потикнато од промовирање на важноста за читањето каде се вклучени повеќе од 40 милиони деца кои читаат по 10 часа во текот месец Март.
Кампањата ќе биде спроведена преку повеќе насочени активности:

- Изготвување на промотивни материјали
- Организирање на јавни читања и дебати (работилници и предавања)
- Промоција на читањето во сите образовни и културни установи
- Активирање на клубови на читатели
- Спроведување на анкети
- промовирање на читањето преку социјални мрежи и медиуми со вклучување на познати личности, користење на Инстаграм и Фејсбук со слики и објави на следниот хаштаг:
- #readtochangetheworld
- #interactshiroksokakbitola
- #nuub.bitola

За таа цел Ве повикуваме да ни се приклучите и Вие како институција, училишта, градинки, центри за ран детски развој и поединци и со заеднички идеи и активности да ја реализираме истата.

Лица за контакт:
Ментор на Интеракт Клуб Широк Сокак Битола
Оливера Ѓерзовска Марковска
Тел.070 339 918
Емаил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

НУУБ Св.Климент Охридски
Фатма Бајрам Аземовска
Јелена Петровска
Тел.076 511 297
Емаил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Со почит!