Одбележување на денот на мајчиниот јазик

Печати

( 0 Гласа )

Во рамки на одбележувањето на Меѓународен ден на мајчиниот јазик 21.02.2020 како втора активност беше посетата на децата од големата група при градинката „Снегулка“ - Битола. Децата од оваа група имаа можност од страна на библиотекарката Гордана Ѓорѓиевска-Неделковски да видат како изгледа 3Д сликовница и воедно да ја слушнат приказната за „Јовче и дрвото грав“. Голема благодарност до директорката Лидија Тфирст Митревска од градинката „Естреја Овадија Мара“ - Битола, негователките Гзиме Коминовска, Силвана Ристевска и воспитувачката Лилјана Петровска кои повторно не примија во нивната група.

Ги повикуваме сите заинтересирани градинки, приватни детски градинки и центри за ран детски развој да не контактираат за активности - бидете и вие дел од магичните приказни. На следниот линк следат повеќе фотографи:https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10158234027138679&__tn__=-UC-R