Чествување на делото за Горан Стефановски

Печати

( 0 Гласа )

Националната установа Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“, со чествување на делото на Горан Стефановски, во новата сала за промоции, го заврши празнувањето на својот патрон "Св. Климент Охридски“. Пред голем број љубители на пишаниот збор и почитувачи на делото на големиот македонски писател, Горан Стефановски, зборуваа литературен критичар Раде Силјан, проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска, актерката Јоана Поповска, а претходно поздравен говор имаше  директорот на Библиотеката м-р Бојан Стефановски. -Со повеќе содржини и настани, секако поврзани со книгата и нашата дејност, го одбележавме нашиот патрон. Овој патронат е мотив за сите нас, да продолжиме со работата и со поголем успех.

Сакам да додадам дека се радувам што оваа година ги споивме нашиот патрон празник и чествувањето на делото на Горан Стефановски, рече Стефановски. На честувањето македонски поет, Раде Силјан, за оригинална појава, автономна личност на Стефановски рече: - Творештвото на Горан Стефановски е длабоко сраснато за македонската почва, преточено во  брилјантен драмски јазик кој комунцира на широки релации и остави длабоки траги во целокупната македонска модерна литература. Тој создаде модел на драма заснована на традицијата, прифатен во нашата татковина, на  поранешните југословенски простори, како и во Европа.Проф.  д-р Весна Мојсова Чепишевска од Филолошкиот факултет “Блаже Конески“ од Скопје, имаше излагање “Конзервирани импресии“ и зборуваше за делото на Стефановски, односно за  неговата книга кратки есеи.
Мојсова Чепишевска ја пофали идејата библиотеката во Битола да го поврзе патронот со големиот писател и големо име на македонската драма, Горан Стефоновски.Јоана Поповска, доајенот на Битолскиот народен театар, изведе фрагменти од драмите на Горан Стефановски, што наиде на големи емоции кај присутните. Исто така беше промовиран и зборникот од 14-та Роднокрајна средба со битолските писатели и 48-от број на списанието “Библиотечен тренд“  од страна на д-р Николче Вељановски. На следниот линк следат повеќе фотографии https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157985248433679