Промоција на книгата „Сестра Касијана“ - Добре Тодоровски

Печати

( 0 Гласа )

Во издание на книгоиздавачката куќа ,,Матица“-Скопје, од печат излезе најновиот роман „Сестра Касијана“ чиј  автор е писателот од Битола, Добре Тодоровски.
Во романот се обработува реална приказна за два живеани света на носечкиот лик, оној од секојдневното живеење и тематики од монашкиот живот на сестрите монахињи, кои одлучиле животот да го посветат во служење во нашите православни манастири.
Направен е обид барем малку да се долови еден таинствен свет исполнет со молитви, немерлива љубов и среќа во славењето на нашиот Господ Бог, посочува авторот Тодоровски.
Промотори na книгата се: Билјана Т. Димко, Радован П.Цветковски И Панде Манојлов. Ве очекуваме на 20 ноември 2019 година со почеток во 18 часот, во просториите на Библиотеката