Посета на ученици по повод Месецот на книгата

Печати

( 0 Гласа )

„Месецот на книгата“ веќе традиционално се одбележува секоја година во периодот од 15 октомври до 15 ноември и во дел од училиштата и општините од државата со цел да се придонесе за популаризација на читањето меѓу учениците.
Една од најважните функции на Библиотеката е популаризацијата на книгата и читањето, развивање на свеста и навиките за читање.
Октомври е месец на книгата, кога се трудиме да го поттикнеме читањето и моќта на книгата меѓу најмладите.
По тој повод, на ден 22.10.2019 година над  100 ученици од ОУ „Климент Охридски “ - Битола ја посетија Библиотеката по повод Октомври - месецот на книгата. На следниот линк следат повеќе фотографии
https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157852117648679