„pROMise“

Печати

( 0 Гласа )

Библиотекари од Националната установа Универзитетска библиотека “Св.Климент Охридски “- Битола во рамки на проектот „pROMise“ (ERASMUS+) кој ќе се реализира во траење од 24 месеци, почнувајќи од 01.09.2018 до 31.08.2020 год. имаа прилика да ги презентираат остварените активности во врска со вклученоста на библиотеката во програми кои се значајни за заедницата, конкретно за образование на возрасна популација и за маргинализирани групи. Ромите како дел од општеството се застапени во многу инклузивни програми, особено со засилен интензитет во областа на образование на возрасни.
Првите средби со партнерите на библиотеката резултираа со спроведување на прашалници за ромското население и експерти во врска со потребата од користење на ромскиот јазик (во стандардизирана форма на најчесто користени дијалекти), потреба за литература и учебници на ромскиот јазик, што би резултирало во подготвување на помали проекти (Follow up projects).
Од страна на библиотеката беа предложени помали проекти како што се печатење на книги за деца, печатење и собирање на народно творештво, реализација на online речник, па се до подготвување на разни форми за анимација на Ромското население со други партнерски институции од култура. Средбата е одржана во Софија со сите партнери кои разменија искуства и различни пристапи за спроведување на овие проекти. На следниот линк следат повеќе фотографии https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157714207888679&__xts__%5B0%5D=68.ARCKrH2oZsxOJJO3bP5r-moUQ7i7vo0_g2BM594zRj_3DjaPwDGg51LTn4CtA_KC7hbzBCphYOXCzlun2raIuN7Y2dG3HFSPrBsP6DBTPl_eERR4p2herVhO0PJ1h77lMWOx3XfWJDj6asAyz7NdLesV_Rk0_5Gv_lU4E0hmq5krVrxFSTaRXe3LjJ3LlTvsrVoMEG-2LEV35wd4o6LrZUdql0Lu8ZouPqBI08KTGI4LA5CJA8K_f8jNA_Gs6xMEUmXaV2wACE-y3qKND-nNyc1NBRzs8dtnHJTcSmZxc5eCbUVSX6F16Qzih4mjfN0-MvATcABjKq96ZKrgNgUrnwWdRTswSbzpPRuqSiG7b11DrVTl5pXY1k9mq_wPNkijSbU_IvXhWlk3A0q4rFttixh1apqT-nic3Jd6mO0I2n_AwRoRxSmEkv7JXYY41gXZXD7dtdY&__tn__=-UC-R