Промоција на on line сликовницата „Шарен детски свет“

Печати

( 0 Гласа )

На ден 06.08.2019 година,  се одржа промоција на on line сликовницата „Шарен детски свет“ од авторката Васка Јовановска, во издание на Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола и Едука Мак доо – Скопје на јутјуб каналот на Библиотеката https://www.youtube.com/watch?v=xxPzHaz8U_4&t=30s Промоцијата се одржа во просториите на детската градинка „Пролет“ – Битола. Проектот настојува да ја сензибилизира пошироката јавност за еднаков третман и пристап на лицата со оштетен слух, говор и вид до јавните институции и јавните добра. Во рамките на проектот обработени се 13 раскази чија содржина се раскажува и со знаковен јазик. Голема благодарност за финансиската поддршка од општина Битола – БИТФЕСТ 2019 година и Министерството за култура на Република Северна Македонија и тоа што го препозна овој проект како сериозен, потребен и иновативен проект. Сликовницата „Шарен детски свет“ е збирка од 13 наслови, илустрирани драмски текстови, наменети за деца од предучилишна и рана училишна возраст, но и за воспитувачите, наставниците и родителите. Во овие 13 драматизирани настани се испреплетуваат дијалози и разговори на јазик близок на децата. Ликовите од овие сцени им се блиски на децата. Тоа се ликови од околината, семејството, од животинскиот и растителниот свет. Покрај забавниот, драмските текстови имаат и едукативен карактер. Овие илустрирани драмски текстови придонесуваат да се поттикне имагинативната детска игра, многу значајна во правилниот развој на детската личност. Координатор на проектот е м-р Фатма Бајрам Аземовска. На следниот линк следат фотографии https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157644390408679