„Книга и филм за тинејџери“

Печати

( 0 Гласа )

Со одржувањето на третата работилница на ден 30.07.2019 година „Книга и филм за тинејџери“, се финализира реализацијата на проектот „Тин Лето во библиотека“. Библиотеката успешно се потруди да ги анимира децата од 8 до18-годишна возраст за време на летниот распуст и да придонесе за збогатување на летните активности што им се нудат на децата.
Работилницата „Книга и филм за тинејџери“ ја водеше м-р Милка Котевска, вработена во Библиотеката и раководител на целиот проект.

Учесниците во текот на работилницата беа запознаени со тесната врска помеѓу книгата и филмот - сниман по таа книга, кои се предностите и недостатоците на редоследот читање/гледање книга-филм или гледање/читање филм-книга. Преку пополнување на прашалник открија каков тип на читатели се, погодуваа за која книга се работи и кој писател ја напишал таа книга гледајќи исечоци од филмови.
Беше поставена изложба на книги од фондот на библиотеката, наменети за оваа возраст, а според кои е снимено филм. На крајот беа доделувани сертификати за учество во проектот „Тин лето во Библиотека“. Библиотеката ги повикува и учесниците на претходните работилници во „Тин лето во библиотека“ да си ги подигнат сертификатите во просториите на библиотеката.
Библиотеката ќе продолжи со организирање на овие работилници и во текот на учебната година, поттикната од заинтересираноста на учесниците. Темите за 3D  печатење, програмирањето на видео игри и книга - филм ќе ги прошириме и надополниме, но ќе воведеме и нови теми блиски до интересите и потребите на тинејџерите. Ве повикуваме да нѐ следите и повторно да бидете дел од активностите на библиотеката! Следат повеќе фотографии од настанот https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157628858283679