Конференција на тема “Сеќавање, орговорност и препознатливост на Ромите – жртви на Холокаустот“

Печати

( 0 Гласа )

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола и „Сумнал“ здружение за развој на Ромската организацијата, на ден 25.07.2019 година  ја организираa конференција на тема “Сеќавање, орговорност и препознатливост на Ромите – жртви на Холокаустот“.
Конференцијата е во рамките на проектот “Психосоцијална поддршка и советување, социјален клуб и односи со јавноста на 100 преживеани Роми жртви на Холокаустот“ во Скопје финансиран од EVZ Stiftung – Erinnerung, Verantwortung, Zukunft кој е наменет за постари лица – Роми, жртви на Холокаустот во Македонија родени пред 09 Мај 1945 година, рече Фатма Бајрам Аземовска, од “Сумнал“ невладина организација која е препознатлива по својата работа во нашиот град.
Учесниците на денешната конференција на тема “Сеќавање, орговорност и препознатливост на Ромите – жртви на Холокаустот“, ги поздрави директорот на НУ Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“- Битола, Бојан Стефановски.
Во уводниот дел покрај  Аземовска зборуваше и проф. д-р Александар Стерјовски, а беше прикажан и краток филм.
На повикот се пријавија говорници со свои истражувања и погледи кон оваа проблематика, кои денеска ќе ги презентираат своите трудови. Исто така вклучени се и универзитетски професори, професори по историја од средно и основно образование, студенти и други истражувачи по историја кои се вклучени и учесници во конференцијата.
Сведоштва за Холокаустот презентираа Мустафа Јакупов (Ромите жртви на Холокаустот- заборавени), Антонио Стојановски (Еврејската  и ромската заедница во Холокаустот),  Џемилиана Абдулова (Еден кошмар за време на Холокаустот), Ивана Балтовска (Жртви на Холокаустот во Република Северна Македонија, со посебно осврт на Ромите-жртви на Холокаустот),  Ивана Хаџиевска ((Не)Политички тела, тела кои (не)болат. Историјата на Ромите во Холокаустот во политиките на меморија и институционализирање на меморијата), Мирдита Салиу (Геноцидот на Ромите на Балканскиот Полустров во Втората Светска Војна), д-р Јасна Софија Косановиќ (Порајмос- ден на сеќавање на геноцидот над Ромите.
Во нивните трудови и самата конференција ќе стави акцент на признавање и сеќавање на Ромите кои биле жртви на Холокаустот. Од сите трудови кои ќе се презентираат на конференцијата ќе биде изработен зборник на трудови. На следниот линк следат повеќе фотографии  https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157616233653679&__xts__%5B0%5D=68.ARDEpVyWYn6Dc1CfYgtyAJzHKKU67oNBFI84yoGDOzx0lgRho2gupaEUZR37OmDImhO8C-0WeDM4zEeEoBsFGffXRTAk8VMMlNYKaE1u6kzaqlMoyw0zVKLFiH4-92VvcrfwdmPf78s8fjA5ogzlmSvukezJRwmydEUlvTLKKEFB6off1yWa6FGQztb9JUZR9a04FO3efwQo8sPrsOK1wATMmln8-9DStG7wOTD-JY6G42dysvhcBfD435St4qgmByuwNl0777A9AKazGpPm1Lv7vxRiugAd-6sc44POjyvbI_We0f7fliwOxrKyuWuQHb0teKvyMp9tBRV0hfKqNwdUnIgA9Uwm0fhC-3M4nU2Ho1kh2CaZ04XMpdqfjrg4DTWVR56aOxyVfMkqzkWEKiYi2xqkGXibga2CJZq0aIy2aefyY2i_gNxPibiVj-1Lm_s2Qpw&__tn__=-UC-R