Работилница за „Видео игри“

Печати

( 0 Гласа )

Библиотеката продолжува со летните активности наменети за младата популација.
На ден 16.7.2019година се одржа втората работилница за „Видео игри“ во рамките на проектот „Тин лето во Библиотека“.
Работилницата ја водеше Петар Котевски, сопственик на Камај медиа, фирма која преставува лидер во регионот за изработка на видео игри и виртуелна реалност.
Во рамките на работилницата, децата беа запознаени со начинот како се изработува видео играта, кои програмски јазици се користат, кои се најпопуларни видео игри за тинејџерите, а потоа и самите имаа можност да програмираат.

При тоа беше користен специјален програмски јазик за деца SCRATCH (scratch.mit.edu) изработен од Институтот за технологија од Масачустес. Водени чекор по чекор од Петар Котевски, учесниците имаа прилика самите да креираат лик од видео игра, да ги постават неговите основни движења, да ја одредат целта и поените. Интересот и возбудата кај децата беа очигледни од бројните прашања во текот на целата работилница. Последниот дел од  „Тин лето во Библиотека“, работилницата „Книга - филм за тинејџери“ ќе се одржи на 30.7.2019 (вторник) од 18.00 часот во салата за промоции. Раководител на проектот е м-р Милка Котевска. Ве покануваме да учествувате!!! На следниот линк следат повеќе фотографии https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157593870498679