„Дигитални услуги во библиотеки 2.0.“

Печати

( 0 Гласа )

Во организација на Здружение (InternetClub Srbija)  на креатори  создадени за поврзување на креативните и бизнис интересите поврзани со заеднички и успешни перформанси на глобалната компјутерска мрежа од 4 -6 јуни во Бања Врујци (Р. Србија)  е организиран Акредитиран семинар за стручното усовршување на тема „Дигитални услуги во библиотеки 2.0.“
Библиотекари од Србија, Македонија и Босна и Херцеговина имаа прилика да се запознаат со иновативните услуги и алатки за дигитализација наменети за библиотечните корисници.
Весна Црнковиќ од Јагодинска библиотека го отвори Семинарот со тема Дигиталните услуги во библиотеки 2.0. и пресек и применливост на библиотечните активности со користење на референтните системи, услуги на е-управа, информации за здравствена заштита, креирање на игри и кратки филмови (употреба на  „animoto“ алати), уредување на дигитални списанија, online пазари за земјоделци, медиатеки, организација на „makerspaces“, Hackathon настани итн.
Врвните предавачи од областа на библиотечната дејност др. Адам Софронијевиќ, и Мирко С. Марковиќ презедоа улогата на медијатори и обединувачи на идеи за демистификација на дигитализација. Адам Софронијевиќ одржа предавање за Пребарување на културното наследство во пракса: примена на Националната рамка за дигитализација, периодични изданија во Р. Србија.
На Семинарот своето излагање имаше Предраг Милиќевиќ, раководител на Секторот за маркетинг и комуникација РНИДС-а, со тема за Правилен настап на библиотеките на интернет.
Вукосав Средојевеиќ, раководител на тимот за развој и имплементација на Интернет клуб, зборуваше за  актуелности и применливост на дигитални услуги на јавните библиотеки во реално опкружување.
Дејан Маслинковиќ од Министерство за култура на Р. Србија го одржа предавањето за дигиталната трансформација на установи од култура.
Учесниците на Семинарот имаа прилика да ја проследат и Изложба на дигиталните трансфери „Моја авлија – мојот свет Минички“ од авторот академски сликар Ирена Палечек Радмановиќ. 
Практичниот дел на Семинарот насловен како „Саем на идеи“ даде насоки за подобро искористување на постојните  ресурси на библиотеките како во однос на опрема, така и во однос на стручниот кадар. Саемот на идеите и рад по групи донесе многу корисни и применливи идеи за проекти во иднина базирани на процесите на дигитализација, односно спој на аналогни и дигитални услуги за библиотечните корисници.
На Семинарот од Македонија беа присутни библиотекари и стручни лица од  Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ и НУ УБ „Св. Климент Охридски“, кои ги претставија своите програми и идеи за реализација на иновативните програми поврзани со дигитални услуги во библиотеки 2.0, како и колеги од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје, „Кочо Рацин“ од Пехчево и Библиотека  „Браќа Миладиновци“ од Радовиш.  На следниот линк следат повеќе фотографии  https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157536396783679&__xts__%5B0%5D=68.ARA8Gai5m0AMu7MwVz3sIjFziqxNsThadpRjW2sqdUaG6oqQ0HcKBb15sZgcfl2qJmplg5ouaHcbUeAaHtT-PxdiVN2I8jFL4RAYOyyH--Yd8fQNT7Ssez01aU5oiU4FwBkTKSeAXh9kL_4G94FgPKcIKk3NeNMWV4NiXGYf9otjm6cz3_eiFiY_WcSiFoRcvTRl4rBumWJLTT287_XInsX6kCw6Wq2fIrhzlnvwTQVgVa23cnsnaNtWHl-ZITp-T_lhcmYdSI_86uLdAaTzoJWOlltT75394vZEJgv6x30fVD88nKeO5dMMDQB5KDzbi46yifXWDF2TVWddotx5hSje_GVtKLDfpXQ3IBWls6YGOc1DYat1WANfkJAL2z0ah2k3rHqi9zcXzeplJu5Bfv7TrT0QQHCq8OHiD3isMyZR6d1t6NuI-qnJS8aKGw6zggtpyes&__tn__=-UC-R