Како до позитивна промена

Печати

( 1 Глас )

Почитувани пријатели,
На повидок е интересно и инспиративно предавање на тема „Како до позитивна промена”. Настанот е во организација на НУ Универзитетската Библиотека „Св. Климент Охридски” – Битола во соработка со Универзитетското радио УКЛО ФМ и емисијата за личен развој „Лабораторија на идеи“.
Настанот ќе се одржи на 29 мај (среда) со почеток од 17:00 до 18:30 часот во просториите на НУ Универзитетската Библиотека „Св. Климент Охридски‟ – Битола.

Најчестото прашање што си го поставуваме е како да бидеме посреќни. Барем во некој период од нашиот живот сме обесхрабрени, разочарани, тажни. Имаме чувство дека водиме војна на некое поле, било тоа да се финансии, здравје, кариера, семејство, пријатели и сл., и таа војна нема крај. Која е причината за тоа? Каде и во што е проблемот?
Можеби имаме чувство дека некој ги „заробил” нашата среќа и успех и не сака да ги ослободи.
-Како до позитивна промена?
-Како до расветлување на нашиот животен пат?
-Свесни ли сме моќта што ја поседуваме?
-Имаме ли доволно љубов за себеси за да бидеме човечки битија исполнети со Божја светлина?
Во Библијата пишува: „Кој оди по темнина, не знае каде оди. Додека ја имате Светлината, верувајте во Светлината, за да бидете синови на Светлината.”

Говорници ќе бидат:
- Елена Ѓорѓиевска Костадиновиќ е уредник и водител на емисијата за личен развој „Лабораторија на идеи“ што се емитува на Универзитетското радио УКЛО ФМ од 2011 година. Таа е новинар, телевизиски и радио водител, а своето образование го надоградува во полето на управување и развој на човечки ресурси. Како писателка, нејзината креативна енергија ја преточува во поетски и прозни дела. Нејзиното осумгодишно искуство како уредник на емисијата „Лабораторија на идеи“ и дава уште поголема енергија за да влијае на зголемување на свесноста за моќта што секој поединец ја има за својата конструктивна лична промена. Големиот број разговори од областа на психологијата, филозофијата и духовноста што ги реализира Елена, секојдневно придонесуваат за ширење на позитивната мисла што Создателот ја всадил во секое човеково битие.

- Ацо Митев е теолог и проповедник. Желбата за осознавање на човековата природа, целта и суштината на постоењето го насочува кон проучување и преведување на Библијата. Теолошките студии ги завршува во Хрватска. Тој има за цел да ја презентира Божјата вистина укажувајќи на фактот дека компромис со едно погрешно учење е отворање врата за други компромиси. Ацо Митев ги инспирира слушателите со мислата  дека е мудрост да Му дозволиш на Бог да направи од тебе добар сад. Убавината на овој ден е во тоа што Бог го создал, а ние постоиме во него.
Бог не вели дека ќе го поправи старото срце, туку ќе го извади старото и ќе стави ново.

Ве очекуваме да бидете дел од овој настан преку кој ќе осознаете нешто повеќе за вашата природа и патот кон среќата!

Влезот е СЛОБОДЕН!