Научна конференција „Сто години Версајски договор“

Печати

( 0 Гласа )

Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, во соработка со Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола, се организатори на научната конференција „Сто години Версајски договор“, која се одржа во НУУБ „Св. Климент Охридски“ на ден 18.05.2018 година. Градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска го поздрави одржувањето на конференцијата и присуството на амбасадорот на Франција, Н.Е. Кристијан Тимоние. „Преку оваа конференција имаме можност да се потсетиме кои што се случувале во минатото, но и да извлечеме поуки кои што ќе ни дадат насоки како треба да се однесуваме во иднина.

Онаму каде што се правеле грешки да не се повторат, а онаму каде што се извлекуваме мудри потези и чекори да ни бидат водилка и за во иднина да правиме такви мудри чекори“, рече градоначалничката Петровска. Настанот го отворија Н.Е. Кристијан Тимоние, амбасадор на Франција во земјава и проф. д-р Сашо Коруновски, ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“. „За нас е многу важно да ја одбележиме сто годишнината од Версајскиот договор, особено да го ставиме во една сосема поинаква перспектива. Овој договор одигра суштинска улога за дефинирање на границите во Европа, но исто така ја одбележа и целата иднина на 20 век. Сто години потоа, овде во Битола, која што е центар на европската историја, одбележуваме нов поглед на Европа“, истакна амбасадорот Тимоние. „Годинава универзитетот ќе биде активно вклучен во одбележување на многу годишнини, меѓу кои и потпишувањето на Версајскиот договор, но и нашата годишнина на универзитетот. Со ова покажуваме одговорност да потсетуваме на настаните, да учиме од нив и да гледаме кон иднината“, посочи ректорот Сашо Коруновски. На конференцијата учествуваа голем број експерти и интелектуалци од Франција, Македонија и регионот. Текстот е превземен од општина Битола. Следат повеќе фотографии на следниот линк https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157431873303679&__xts__%5B0%5D=68.ARCXOdwq8AuF-UVZ5A8ulkRIDvjRLjXOTr0AYjj-nN9lTyv7AHnTXG8P84MLlY8vcy2PdC9d2K1dgLZ6QwR2Wv42oDSGft9pOZ66IJIoHRADSVYbRRnKYazSNAv-jFLBdG5gcN50kIPhpDsd_-wVOjBloG6EM5LQ_eCBW-wKzZAmj2w5q0jiafdqtrMS2uE5w_mlU9MtynMwptiExXjGIfmlVs7KD1TqO5f652oDrwmHOFSgKYnM7C8lxA4yF0NYrmnAuBe-W48gpw5UCR-bmcwAZoC4hhUfQd0j_5c5B8a4QbTevN9E5u-Fzku1BiYC2ywEQIXp46Ly39rAUN6rrQ-LIuLfwDSFJXREOtRguq-JYih98HsLhGxK1EqDz9otbX4_k38WteU2YOFOe_5Q5ktAhCP7mJDN-x4ihW7AUlfvpr8UdZJ0qUflhOHh6fvGxFdLk9EECTZq7vtTgVwTg7IWBv91gQwLMLntI04NVAlwE0X_iGpMWRoJjQ&__tn__=-U-R