Учество на „Меѓународна конференција на библиотекари, иноватори и креативци“

Печати

( 0 Гласа )

Битолските библиотекарки беа дел од „Меѓународната конференција на библиотекари, иноватори и креативци“ која оваа година  се одржа во Крушево од 10-ти до 12-ти мај.
На Конференцијата  учествуваа 110 библиотекари од сите библиотеки во Р.С. Македонија, како и гости од Србија, Бугарија и Германија.
Конференцијата е под слоганот „Влези во дигитален свет“ и ја дефинира овогодишната тема - „Насоки за дигитализација на културното наследство во библиотеките“ .
Во рамките на Конференцијата  се одржаа две работилници кои ги водеа стручни професионални предавачи.  Првата  „Гемификација во библиотеките“ претставува нов тренд во библиотечното работење и иновативен пристап кон процесите на учење, што е многу важно за библиотекарите за соодветен пристап кон младата популација. Предавање и обука  одржа Мирко Марковиќ, библиотекарски советник од Интернет Клу,сектор за библиотеке, архиве и музеје,  сертицифиран предавач од Р. Србија.
Втората работилница  „Стратешките принципи и цели на дигитализацијата“ содржеше предавања и насоки за дигитилизација во библиотеките  од емининтните стручњаци од областа на библиотечното работење од Универзитетската и Народната библиотека од Белград, д-р Адам Софрониевиќ и Мирољуб Стојановиќ, раководителка на одделението „Информациски ресурси. Дигитален центар“ Радосвета Радева и  Hartmut Janczikowski од  Хамбург Германија кој присутните ги воведе во светот на модерна технологија и паметни уреди и најнови трендови како “magic box”.
Искуствата и знаењата од Конференцијата ќе бидат архивирани и ќе послужат за идни обуки на сите вработени во институциите чија задача е дигитализирање на културното наследство.
„Меѓународна конференција на библиотекари, иноватори и креативци“ е дел од Програмата во областа на културата од јавен интерес за Град Скопје за 2019 година и целосно подржана од Градоначалникот на Град Скопје. Конференцијата ја организираше  ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје.