КНИЖЕВНА СРЕДБА СО АВТОРКАТА И АВАНТУРИСТКА САРА ЖИСЛЕР

Печати

( 0 Гласа )

ПРОМОЦИЈА НА ПРЕВОДОТ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК НА НЕЈЗИНИОТ РОМАН „МАЛЕЧКА“
Настанот се реализира на ден 07.03.2019 година, во соработка со Амбасадата на Швајцарија, Француски Институт од Скопје, и НУУБ Св.Климент Охридски Битола.
Во присуство на Жана Фам Тран, претставничка на голема француска издавачка куќа Éditions des Équateurs.
Романот „Малечка“ постигна голем успех и е преведена на македонски јазик во издание на „Или-Или“. 
Книгата е неверојатно поучна, а се работи за млада девојка којашто гневот го преобразува во одисеја.

Нежно и низ хумор, оваа патничка што го обиколи светот раскажува за маките од детството, за нејзината одбивност кон униформираноста на општество, како и за жедта за слобода, преку која ги надминала сопствените стравови.
„Родена сум во средината на деведесеттите години во семејство на разведени родители. Бев од оние деца кои растеа со клуч околу вратот, ги знаат на памет броевите за итни случаи и знаат како да се готват тестенини уште пред да можат да ги досегнат тавите. Кога бев мала, се обидоа да ми објаснат дека сум слична на мајка ми, а татко ми бил презафатен со работни обврски. На училиште морав да ги слушав заморните наставници за тоа како се успева во животот. Подоцна, ми велеа дека работата в канцеларија била најдобрата за мене, дека наскоро ќе имам сопруг, куќа, деца, оти тоа е примарна потреба. На двесет години престанав да ги слушам луѓето и си заминав. Сама, автостоп и без пари в џеб. Ја пропатував Европа до Нордкап, со единствена цел да не останам каде што бев. Може да се каже и дека избегав. Тоа беше моето прво големо патување. Во оваа книга, сакав да ги раскажам на моите талкања, моите падови, но тоа дека патувањата ми беа спас.“ Сара Жислер

Повеќе фотографии на следниот линк https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157277473903679&__xts__%5B0%5D=68.ARBVFyRu1AbqLxpNubp6glUqNBo333S1TNPu-OP4zHgeEObTlUPpmns7R6Sg6mYewRuIewdk2AK1064t65oauvJ-9T6DQpsxfwZheK_8YXgP1c8OeFh7K0PWSv7W4DssB981bJcl5TA1WYDAPovaWTqCNYv1eWMUyTsqedvJV5Af2vsMV_tq-v9ZdW9cw8qE4_8VClDdHZr54L6t4dxZZUulUOcxza88URi1RXGgLEZPkIt1FA_PEy6inobdi62H-7MtN4ouGAp1SyDQukms0_cgDgrwhX4ckW0FNRpiAmNf6ahI6mPgHOKgb3f9CE81h2dPyMCJtjCdkkZn7ZdfVbMDpfPR2xdEhfM9TziHlOyGTk0vUzwyUCbF_n7RAQ64b53ymFSMuEXfgttUWXRGTnA0UQuSN8LUcGlgdnWHHx_7RodHVJP8G9D3X3J0PlGm9zOaeYQ&__tn__=-UC-R