Книжевна средба и промоција на роман

Печати

( 0 Гласа )

Француската Алијанса и НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола Ве покануваат на КНИЖЕВНА СРЕДБА СО АВТОРКАТА И АВАНТУРИСТКА САРА ЖИСЛЕР и ПРОМОЦИЈА НА ПРЕВОДОТ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК НА НЕЈЗИНИОТ РОМАН „МАЛЕЧКА“.

Настанот ќе се реализира во соработка со Амбасадата на Швајцарија и Францускиот институт – Скопје, во присуство на Жана Фам Тран, претставничка на големата француска издавачка куќа Éditions des Équateurs.

Средбата ќе ја води Игор Анѓелков од издавачката куќа „Или-или“.

Книгата е неверојатно поучна, а се работи за млада девојка којашто гневот го преобразува во одисеја. Нежно и низ хумор, оваа патничка што го обиколи светот раскажува за маките од детството, за нејзината одбивност кон униформираноста на општеството, како и за жедта за слобода, преку која ги надминала сопствените стравови.

Место на одржување: НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола

Сала за промоции (прв кат)

7.3.2019 (четврток), во 18 часот.