Други активности 04.12 (четврток) во 11 часот

Печати

( 0 Гласа ) “ПОЕТСКИ БРАНУВАЊА 2008”.
По петнаесетти пат се одржаа во салата за промоции на Библиотеката со почеток во 11 часот. Со свои лични творби учество зедоа 80 ученици од Основните училишта од градот со по една лична творба поезија. Библиотеката обезбеди награди за најуспешните лични творби и истите им ги врачи директорот на Библиотеката г-дин Науме Ѓоргиевски. Прва награда освои Марија Здравеска од ОУ “Даме Груев”, две втори награди за: Марија Станојовска од ОУ “Св. Климент Охридски”и Лина Лумбуровска од ОУ “Гоце Делчев”, три трети награди за: Катерина Ѓорѓиевска од ОУ “Стив Наумов”, Гордана Стојановска од ОУ “Тодор Ангелевски” и Теодора Веловска од ОУ ““Коле Канински. 
Жири комисијата во состав г-дин Илија Мерковски претседател, г-дин Драги Кабровски член и г-дин Илче Стојановски член одлучи да додели три трети награди, две втори и една прва награда и од вкупно осумдесет лични творби издвои 30 поуспешни кои ќе бидата објавени во Билтен од литературната манифестација  кои ќе го изготви г-дин Драги Кабровски вработен на културни активности во Библиотеката.  

- Инфо креативен центар
Во овој дел од промоцијата во холот на Библиотеката пред присутните гости под раководство на г-ќа Анастасија Милевска вработена во Библиотеката се претставија младите креативци со свои точки придружувани со музика.