Предавања 03.10.2008 г.

Печати

( 0 Гласа ) ПРЕДАВАЊЕ НА АКАДЕМИК  ВИКТОР ФРИДМАН
По повод годината на одбележувањето на македонскиот јазик 2008, во салата за промоции на Библиотеката на ден 3.10.2008 година, со почеток во 12 часот во организација на Универзитетот “Св. Климент Охридски” од Битола се одржа Промоција на академик Виктор Фридман по повод наградата “Духовен воин” што му ја доделува Меѓународната асоцијација “Македонски духовни конаци”. Промотор беше проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ, а наградата му ја врачи поетесата Светлана Христова Јоциќ, Претседател на споменатата Меѓународна асоцијација.