„Zero, zero, zero“ - Роберто Савијано
Објавено од Фатма Бајрам Понеделник, 20 Ноември 2017 13:54

При читањето на книгата се добива чувство дека читате студија во која до најситен детаљ се опишани различни пресметки меѓу членови на мафијата, но сепак на крајот сфаќате дека длабоко сте навлечени во едно сведоштво поради кое засекогаш ќе го промените мислењето за светот околу вас.
„Баксузи“ – Димитри Верхулст
Објавено од Фатма Бајрам Понеделник, 20 Ноември 2017 13:44
Во Баксузи писателот се враќа на своето родно место, каде организираат бурлексна манифестација, Тур де Франс на пијаниците. Се запознаеме со татко му, Пјер, кој во поштенска торба на велосипедот го носи своето тукушто родено синче по сите кафулиња за да им го покаже на своите пријатели. Да не ги заборавиме и неговите мрзливи чичковци, за кои светското првенство во чашкомет е највисоката цел, а нивото мото е „Денот е пред нас, а ние се трудиме да го потрошиме“. Баксузи е моќна трагикомична ода на безделништвото во најекстремната форма, а истовремено и смешно претставување на младоста. Верхулст е моќен стилист, кој со чувството за динамика и наративна сила, го задржува интересот на читателите од првата до последната страница.