English French German Macedonian

Нови наслови

23

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Денес е 23 мај, малиот град Промис Фолс се наоѓа сред оргормна катастрофа, со многу мртви од вирус што личи на грип. Истражителот Кал Вивер брзо ја препознава катастрофата како масовно труење од загадениот градски водовод.

Мотивот за напад на луѓето од овој град наведува кон бројот 23, а обидите да открие зошто е тоа така ќе го турнат детективот Дакворт на работ на смртта.

 

Дванаесетте соби на Нил

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Флоренс Најтингејл и Густав Флобер, во ист период патувале по крајбрежјето на Нил и тоа пред таа да стане најголемата хероина на XIX век, а тој пред дај напише збор од романот „Госпоѓа Бовари“. Во имагинативниот чекор за кој се решил писателот, двата лика започнуваат страсно пријателство преку интелигенцијата, хуморот и привлечната нежност, кое подоцна ги менува нивните судбини.

Во 1850, Флоренс, ќерка на познато англиско семејство, запловува на реката Нил, придружувана од пријатели и од нејзината слугинка Троут. На разочарување на нејзиното семејство, таа на дваесет и девет годишна возраст, на своја волја е на пат кон целибат и покрај нејзината добра ситуираност, шармот и убавината. Во меѓувреме Густав и пријателот Максим Ду Камп, се впуштаат во експедиција на која документираат неистражени споменици од антички Египет. Потресен од смртта на татко му и сестра му и измачуван од мистериозна треска, Флобер се откажал од Правниот Факултет и го напишал својот прв роман. На само дваест и осум годишна возраст, тој е недокажан писател со пропаднато тело. Гистав е озлогласен женкар и патрон на безброј проститутки. Но, и двајцата горат од неисполнети амбиции, поради што се спојуваат и ги споделуваат своите најтешки грижи и најстрасни надежи.

Овој смирувачки роман, полн со авантури и сјајни чувства на двајцата патувачи, нуди јасна комбинација од прекрасна проза и дива имагинација, во богатите бои на Египет во XIX век.

   

Тајната ќерка

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во сезоната на монсуните, во изолирано индиско село, Кавита раѓа бебе - девојче.

Но во култура која ги фаворизира машките деца, единствениот начин на кој Кавита може да ја спаси својата новородена ќерка е да ја даде на посвојување. Тоа е одлука која до крајот на животот ќе ги прогонува неа и нејзиниот сопруг... Тоа е одлука која ќе ги прогонува дури и по пристигнувањето на нивниот скапоцен син.

Речиси на другата страна од светот, Сомер, американска докторка, дознава дека никогаш нема да може да има свое дете. Откритието за неа е страшно болно и неподносливо, но откако се помирува со реалноста, таа одлучува да посвои бебе.

Оваа приказна е раскажана со паралелно преплетување на двете приказни, двата гласа, оној на Кавита и оној на Сомер - тие раскажуваат додека детето ги поврзува нивните судбини. Тајната ќерка раскажува за емотивниот терен на мајчинството, загубата, идентитетот и љубовта преку животите на две семејства - едно индиско, едно американско - и детето кое неповратно ги врзува...

 

Куќа на убавината

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Карен е козметичарка од Картагена која се сели  во Богота во потрага по подобри економски услови, но кога ќе пристигне, таа не само што ќе добие работа во престижниот козметички салон „Ла Каса де ла Белеза“, туку таа исто така станува клучна за решавање на смртта на една од нејзините клиентки.

Помеѓу интимни разговори и признанија, Карен ќе заврши како приврзаник на психоаналитичар, сопруга на конгресмен, познат телевизиски презентер и ожалостена мајка, која бара правда во земја каде вистината му припаѓа само на оној кој може да плати за неа.

Мелба Ескобар го истражуваше овој комплексен женски универзум за да ја состави загатката на трилер со големи книжевни амбиции во сеопфатен развој на секој лик. „Куќата на убавината“ е роман без врсник во панорамата на неодамнешниот колумбиски наратив.

Мистерија поврзана со расата, класата и родот, каде што вредноста на жената е многупати поврзана со нејзината убавина, а сепак.

   

Сестрата од сенка

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )
Сестрата од сенка е третата занесна приказна од серијалот за „Седумте сестри“. Читателите ќе уживаат во планинските и езерските предели во Кент, прекрасната „Градина на Англија“.
„Кога ќе почнете да ја читате, ќе посакате да има уште 500 страници! Книгите од серијалот за Седумте сестри стануваат сѐ подобри и подобри.“
Трејси Рис

 

 

Лавиринт на духовите

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

„Драми, интриги, хумор, страст.

Приказна во приказна, потрaгата

по вистината низ магијата на вљубувањето."

Книгата „Лавиринт на духовите“ одлично го заокружува величествениот циклус романи поврзани со Гробиштата на заборавените книги (Сенка на ветрот, Играта на Ангелот и Заточеник на небото).

Сите тајни кои се испреплетуваат во претходните 3 мајсторски романи, Зафон ги отплеткува во Лавиринтот.

Локацијата – нормално, прекрасната Барселона. Ќе уживате во првиот дел, а за сé она што ќе остане недокажано, без грижа, ќе има и втор дел.

https://www.youtube.com/watch?v=qN5AHEGwAsk

   

Страница 5 од 18

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер