English French German Macedonian

Нови наслови

Град од пареа - Карлос Руиз Зафон

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

„ Град од пареа “ претставува колекција од 11 приказни издадени постхумно во чест на прерано починатиот автор Карлос Руиз Зафон. Овие приказни навлегуваат во ликовите и заплетите, кои ќе им бидат познати на читателите од Зафоновата тетралогија од "Ризницата на заборавените книги“. Така, меѓу овие приказни ќе сретнете: момче кое решава да стане писател кога открива дека неговите фантазии го поттикнуваат вниманието на едно девојче кое го заробило неговото срце.

Читај повеќе: Град од пареа - Карлос Руиз Зафон

 

Помладиот брат - Ханс Ерих Носак

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

По десетгодишен престој во Бразил, инженерот Штефан Шнајдер се враќа во Хамбург. По враќањето затекнува една поинаква Германија, која сè уште ги носи лузните од разорувањата на Втората светска војна, сè уште жива, но досега невидена во ваква состојба. За време на војната, сопругата на Штефан умира под неразјаснети околности. Во Бразил, пак, тој бара нафта, но наоѓа ураниум, додека, пак, овде ќе бара разјаснување за смртта на својата жена.

Читај повеќе: Помладиот брат - Ханс Ерих Носак

   

Мојата сестра сериски убиец - Ојинкан Брејтвејт

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Три убиства веќе те прават сериски убиец. Или не?
Кореде е огорчена. И, како да не биде?! Нејзината сестра Ајола е многу нешта: омиленото дете, најубавата ќерка, но веројатно и – социопат. Кога вечерата на Кореде е прекината од вознемирувачкиот повик на сестра ѝ Ајола, таа знае што се очекува од неа: белило, гумени ракавици, нерви од челик и силен стомак. Ова ќе биде третото момче на Ајола по ред – „убиено во самоодбрана“ и со тоа официјално трета збрка што нејзината сестра треба да ја расчисти.

Читај повеќе: Мојата сестра сериски убиец - Ојинкан Брејтвејт

 

La sans pareille - Љубовен роман со додатоци - Милисав Савиќ

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Се разбира дека не е само љубовна приказна! И покрај мно-губројните елементи што потсетуваат на романтичните љубовни стории на Казанова, Ана Каренина, дамата со кученцето, романите на Црњански… на авантурите на главниот лик во Тоскана, во задни-ната, зад сцената се гледаат потресните настани и драми, воените, паравоените дејствија и злосторства при распадот на Југославија.

Читај повеќе: La sans pareille - Љубовен роман со додатоци - Милисав Савиќ

   

Сендмен - Лаш Кеплер

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Книгата "Сендмен" преставува уште едно прекрасно дело од перото на познатото скандинавско дуо, кое пишува под псевдонимот Лаш Кеплер. Во овој најнов психолошки трилер ќе го запознаете Микаел Колер - Фрост, момче кое една студена зимска ноќ е пронајдено како талка по железнички мост во Стокхолм во состојба на доживеан шок и крвавејќи од раката постојано зборувајќи за својата сестра и за мистериозниот човек по име Сендмен.

Читај повеќе: Сендмен - Лаш Кеплер

 

Продавачот на сладолед - Катри Липсон

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Катри Липсон, познатата финска авторка, со многу вештина, истражување и неверојатно познавање, пишува за случувањата во Чехословачка во четириесеттите години од 20. век и подоцна. Барајќи спас, Естер тргнува со непознатиот маж Томаш, како негова сопруга, барајќи мирно место во провинцијата.

Читај повеќе: Продавачот на сладолед - Катри Липсон

   

Страница 1 од 62

Сподели на Facebook