Најавување

English French German Macedonian

Книга на месецот

Те нема никаде

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Љубовта не се избира, исто како и смртта. Сè е веќе запишано некаде одамна во небесата. Не можеш да и се спротиставиш на судбината, ниту да ги прескокнеш денот или ноќта. Би сакала да не го љубев толку многу. Тогаш можеби немаше да бидам решена  да направам злостроство, ако се вика злосторство тоа што го направив.

Смееме ли да му судиме некому кој жртвувал сè за љубовта? Како една млада жена со својата храброст, со моќта на својата посветеност и љубов ги разбранува италијанската и светската јавност непосредно по Првата светска војна?

 

Изабела Месини, паметна и сочувствителна девојка од едно мало сицилијанско село, се пријавува за болничарка на Црвениот крст за да побегне од куќата на мајка си. Во виорот на воените страдања, мнозина ранети ќе поминат низ вештите раце ма Изабела во малата полска болница на Доломитите. Еден ден тука го довезуваат Марко, воен известувач од Србија кој тешко е ранет, и Изабела добива задача по операцијата за да грижи за него. Во текот на долгите, тешки денови на Марковото закрепнување, Изабела развива со него необичен однос: иако странци, тие ќе се разбираат без многу зборови. Иако знаат дека нивната љубов е осудена на пропаст, таа ќе биде посилна од сите правила и ограничувања. Меѓутоа, кога по завршувањето на војната, минатото на Изабела ќе и тропне на врата, ќе почне драмата на нејзиниот живот за која ќе зборува цела Италија.

 

Сенки од минатото

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Емили де ла Мартиниер отсекогаш се противеше на своето аристократско потекло. Едноставно, на некој начин и пречеше. Сега е единствена наследничка на домот со огромен имот на југот во Франција. Една стара тетратка со песни ја води во потрага по мистериозната и убава Софија, чија трагична љубов го сменила курсот на семејната историја. Додека ги открива семејните тајни, се впушта во лично патешествие низ времето, согледувајќи дека замокот може да и ги даде одговорите за нејзиното минато и конечно да ја отклучи иднината.

Емили ја има својата приказна. Ја има сопствената тага и радост, како секој од нас. А кога ќе започне да "копа" по трагите, ќе излезат живи слики... На површината излегуваат емоциите,животот се развива, навираат сеќавања...

 

 

   
Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер