English French German Macedonian

Млади библиотекари

12. Општински натпревар „Млади библиотекари“, 2011

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

НУУБ „Св. Климент Охридски” – Битола на ден 25.10.2011 год. (вторник) со почеток во 11 часот, организираше Општински натпревар на „Млади библиотекари„ во просториите на Библиотеката. На натпреварот зедоа учество 13 натпреварувачи од основните училишта во Битола, Бистрица, Новаци, Могила и Добрушево. Првото место и припадна на Лина Гроздановска ученичка во VIII одделение од ОУ „Тодор Ангелевски“, Битола. Второто место освои Ивона Кикерковска од ОУ „Браќа Миладиновци“, Добрушево. Третото место и припадна на Анета Трајковска, ученичка во VII одделение во ОУ „Тодор Ангелевски“, г. Оризари. Победникот од овој натпревар се стекна со право да учествува на 12. Републички натпревар „Млади библиотекари” кој ќе се одржи во библиотеката „Благој Мучето”, Струмица.

 

 

 

Единаесетти Општински натпревар „Млади библиотекари“

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ беше организиран во роднокрајната читална на Библиотеката на 21.10.2010 год. Со почеток во 11 часот.

На натпреварот зедоа учество учесници од основните училишта во Битола, с. Бистрица, Новаци и Могила.

Прво место на Општинскиот натпревар освои ученичката Теодора Сакурмовска од ОУ „Гоце Делчев“ - Могила. Второ место освои ученичката Ангела Момовска од ОУ „Коле Канински“ – Битола и трето место освои ученичката Сара Дранго од ОУ „Гоце Делчев“ – Битола.

Според утврдените правила на Републичкиот натпревар што ќе се одржи во Прилеп на 12.11.2010 година Библиотеката ќе ја претставува првонаградената ученичка.

 

Десетти Републички натпревар „Млади библиотекари“

PDFПечатиЕ-пошта

( 7 Гласа )

Прво место за претставничката на НУУБ „Св. Климент Охридски“  - Битола, ученичката Емилија Недановска од ОУ „Браќа Миладиновци“ од с. Добрушево на десеттиот Републички натпревар - Млади библиотекари кој се оддржа во библиотката „Гоце Делчев“ во Велес.

Читај повеќе: Десетти Републички натпревар „Млади библиотекари“

   

Десетти Општински натпревар на млади библиотекари, 2009 год.

PDFПечатиЕ-пошта

( 6 Гласа )

Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ беше организиран во роднокрајната читална на Библиотеката на ден 16.10.2009 год. со почеток во 11 часот.
На општинскиот натпревар зедоа учество ученици од основните училишта од Битола и по еден ученик од училиштата воБистрица,  Новаци,  Добрушево,  Могила,  Цапари со вкупно петнаесет  претставници.
Прво место на Општинскиот натпревар овои ученичката Емилија Недановска од ОУ „Браќа Миладиновци“ од с. Добрушево. Второ место освои Теодора Сакурмовска од ОУ „Гоце Делчев“ од с. Могила и трето место освои ученичката Стефанија Поповска од ОУ„Тодор Англевски“ од Битола.
Според утврдените правила на Републичкиот натпревар Библиотеката ќе ја претставува победникот од Општинскиот натпревар.
   

Страница 3 од 3

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер