English French German Macedonian

Австриска Библиотека

Essen Tote Erbeerkuchen

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Einladung zur Lesung von Kinderbuchautorin Rosemarie Eichinger aus ihrem Buch „Essen Tote Erbeerkuchen“

Am Samstag, 17.November 2017, 17.h, NUUB Sv. Kliment Ohridski Bitola
Rosemarie Eichinger, Kinder- und Jugendbuchautorin, lebt mit Tochter und Lebensgefährten in Wien, Gewinnerin beim Schreibzeit-Jugendbuchwettbewerb, Arbeitsstipendien für verschiedene literarische Projekte, Mira-Lobestipendium 2009 und 2014, Veröffentlichung mehrerer Kurzgeschichten für junge Leser, 2. Platz beim Kurzgeschichtenwettbewerb Wortlaut 2011, Theaterstück "Der goldene Schlüssel" für das Kinderfestival Forchtenstein Fantastisch. Österreichischer Kinderbuchpreis 2014 für "Essen Tote Erdbeerkuchen?"

 

 

 

 

 

 

 

Австриски денови 2017

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Традиционално од 2012 г. во Република Македонија се организираат „Австриски денови“ семинар за проф. по германски јазик и литературно читање на германски јазик. Организатори се Министерството за образование на Република Австрија, Австриската служба за академска размена, Амбасадата на Република Австрија и Почесниот конзулат на Република Австрија.

Предавач на семинарот оваа година на тема „Жените во Австрија“ и „Употреба на текстови од весници во наставата по германски јазик“  е  м-р Флоријан Хадерер.

Австриската писателка за деца и млади Роземари Ајхингер од Виена ќе чита од нејзиното дело „Јадат ли мртвите колачи со јагоди?“ на германски јазик.

Место на одржување НУУБ Св. Климент Охридски Битола од 09.30 до 18.00 часот.

Учеството е врз основа на претходно пријавување во Почесниот конзулат на Република Австрија во Битола 047-221-336 или 075/395-041.

 

Посета на студенти од Државниот универзитет од Тетово, 2017

PDFПечатиЕ-пошта

( 3 Гласа )

Австриската библиотека и Почесниот конзулат на Република Австрија во Република Македонија беа посетени од студентите од 4. година од студиската програма по германски јазики книжевност при Државниот универзитет во Тетово со нивните професори и шеф на катедра. Гостите ги поздрави в.д. директорот м-р Јелена Петровска и ги запозна со структурата на  НУУБ „Св. Климент Охридски“ и Австриската библиотека во Битола.  Австрискиот лектор Лазим Ахмеди заедно со неговите студенти подготви литературно читање на избрани текстови и истите и беа презентирани на Почесниот конзул на Република Австрија и раководител на Австриската библиотека во Битола д-р Валентина Илиева.

 

 

 

   

Светскиот ден на учителите одбележан и на УКЛО. Претставен првиот превод на универзитетско учебно помагало на германски јазик

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во рамки на издавачката дејност на УКЛО на Светскиот ден на учителите, 5 октомври, во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, промивирано е изданието „Методи на наставата по германски јазик како странски јазик„

Проректорот, проф. д-р Виолета Маневска, во својство на промотор, истакна дека издавачката дејност на УКЛО етаблирана низ изданијата Билтен на Универзитетот, е- весникот Универзитетски глас и научното списание Хоризонти, меѓу другото вклучува и поттикнување преводи на учебници и учебни помагала, како што е изданието „Методи на наставата по германски јазик како странски јазик„ од авторите Герхард Нојнер и Ханс Хунфелд што претставува прв превод во Република Македонија, по претходно добиено авторско право за издавање на преводот, извршен од: д-р Валентина Илиева, м-р Симона Монавчева и Кристина Илиева.

Професорот од Педагошкиот факултет, д-р Даниела Андоновска Трајковска потсети на значењето на методиката како важна научна дисциплина и ја истакна поддршката  на УКЛО за научната и стручна мисла на Универзитетот.

Настанот беше повод присутните пошироко да се запознаат со издавачката дејност на УКЛО, во време на електронско споделување на информации од различна природа, вклучувајќи ги и научно – истражувачките резултати во сферата на издаваштвото, за што УКЛО има креирано сопствен дигитален репозиториум ePrint.uklo што овозможува поголема промоција на Универзитетот и зголемена видливост на УКЛО пред домашната и меѓународна јавност.

Изданието „Методи на наставата по германски јазик како странски јазик„ своја промоција и афирмација имаше и пред пошироката академска јавност во Република Македонија. Имено, на покана од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип д-р Валентина Илева, еден од авторите на преводот, одржа презентација на изданието. За интересот за овој единстен од ваков вид прирачник во државата,  во наставата по германски јазик, потврда е присуството на студентите, професори по германски јазик и академскиот кадар, за што нашите читатели поопширни информации може да видат на: http://ff.ugd.edu.mk/index.php/mk/vesti/14-metodi-na-nastava-po-stranski-jazik

Промоцијата на изданието „Методи на наставата по германски јазик како странски јазик„  на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип се одржа во духот на меѓусебната соработка меѓу двата универзитети.

 

 

Меѓународен научен симпозиум

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

   

Страница 2 од 8

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер