English French German Macedonian

Австриска Библиотека

Предавање за „Музиката во Австрија“

PDFПечатиЕ-пошта

( 5 Гласа )

На 26 април 2013 на Педагошкиот факултет во Битола- Универзитет Св. Климент Охридски  се одржа предавање „Музиката во Австрија“.Амбасадорот на Република Австрија д-р Томас-Михаел Бајер ја прифати поканата на Ректорот на Универзитетот проф. д-р Златко Жоглев, со неговото предавање  „Музиката во Австрија“ да го збогати одбележувањето на 34-от роденден на Универзитетот, кој оваа година изобилуваше со многубројни манифестации.Продеканот за настава проф. д-р Валентина Гулевска го поздрави и го покани гостинот да го одржи неговото предавање. Студентите покажаа голем интерес и дискутираа по предавањето со Амбасадорот.

 

 

Денови на европската култура во Битола

PDFПечатиЕ-пошта

( 6 Гласа )

Со оглед на кандидатскиот статус на Република Македонија за членство во ЕУ, значајно е нашите граѓани да бидат запознати со културното богатство на земјите членки. За таа цел, матичната и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски организираше деновите на европската култура во Битола во рамките на БИТФЕСТ 2013 година.  Различните култури и нивното прифаќање се предуслов за развој на човекот, негова еманципација и проширување на културното богатство. Исто така, тие се предуслов за подобро меѓусебно разбирање на народите и нивно зближување. Со таква цел во библиотеката Св. Климент Охридски се реализираат деновите на европската култура во Битола започнувајќи од 09.07.-12.07.2013 година.

Читај повеќе: Денови на европската култура во Битола

 

Предавање на Австрискиот Амбасадор на правниот факултет - Битола

PDFПечатиЕ-пошта

( 6 Гласа )

Во рамките на прославата по повод отворањето на Австриската библиотека Австрискиот Амбасадор д-р Томас Михаел Бајер (Dr. Thomas Michael Baier) одржа на покана на Ректорот на Универзитетот Св. Климент Охридски Битола, проф. д-р Златко Жоглев, предавање на тема  „МЕЃУНАРОДНО КАЗНЕНО ПРАВО“ пред студентите , асистентите и професорите на Правниот факултет. Деканот на факултетот, проф. д-р Илија Тодоровски ги поздрави предавачот и публиката. Излагањето на Амбасадорот Бајер ја осветли историјата на меѓународното казнено право на нирнбершките и токиските процеси сѐ до согласувањето за прифаќањето на  престапите на агресија во Римскиот статут на меѓународниот казнен судски двор  и воопшто улогата на меѓународните трибунали при натамошниот развој на хуманото народно право.

Читај повеќе: Предавање на Австрискиот Амбасадор на правниот факултет - Битола

   

Промоција на книгата „D-A-CH-L -концептот во наставата по германски како странски јазик“ на д-р Валентина Илиева

PDFПечатиЕ-пошта

( 6 Гласа )

Во преполната сала за промоции на Националната установа и Универзитетска библиотека Св. Климент Охридски на 20.09.2012 беше промовирана научната публикација на  д-р Валентина Илиева  од страна на проф. д-р Петар Рау во присуство на Неговата екселенција Австрискиот Амбасадор д-р Томас Бајер.Поздравување на студентите, асистентите, професорите, писателите, продеканите и деканите од различни факултети на Универзитетот  Св. Климент Охридски следеше во прекрасната сала од доц. д-р Даниела Андоновска-Трајковска. Ректорот на Универзитетот Св. Климент Охридски проф.  д-р Златко Жоглев  во неговиот поздравен говор ја опиша авторката како вредна, компетентна и доверлив квалификуван наставник на Универзитетот.

Читај повеќе: Промоција на книгата „D-A-CH-L -концептот во наставата по германски како странски јазик“ на д-р Валентина Илиева

 

Соло вечер на австриската пијанистка Ема Шмит во Битола

PDFПечатиЕ-пошта

( 6 Гласа )

На 30 ноември 2012 во историскиот јужномакедонски град Битола се одржа вечер на пијано со австриската пијанистка Ема Шмит, организирана од тамошниот Центар за култура заедно со Австриската библиотека Битола и Австриската Амбасада Скопје.

Читај повеќе: Соло вечер на австриската пијанистка Ема Шмит во Битола

   

Страница 6 од 8

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер