English French German Macedonian

Австриска Библиотека

„Австрија чита, место за средба- библиотека“ - втора работилница

PDFПечатиЕ-пошта

( 4 Гласа )

Во рамките на најголемиот австриски фестивал на литературата „Австрија чита, место за средба- библиотека“, Австриската библиотека во Битола организира второ литературно читање. Почесниот конзул на Република Австрија во Република Македонија д-р Валентина Илиева заедно со ученици од О.У. „Ѓорѓи Сугарев“ од Битола го прочитаа текстот „Школски приказни за Франц“ од познатата австриска писателка Кристине Нестлингер. Во соработка со професорите по германски јазик и литература: м-р Ана Савеска и Ирена Миленковска, учениците ги превзедоа улогите на Франц, наставникот Свобода, родителите на Франц, бабата на Франц и го читаа директниот говор во текстот, додека д-р Илиева го читаше наративниот дел и на тој начин, воспоставена е една топла и пријатна книжевна атмосфера. За успешната интерпретација на улогите и активното учество во литературниот настан,почесниот конзул на Република Австрија во Република Македонија д-р Валентина Илиева на учениците учесници им подари пригодни подароци.

 

Донација на книги од д-р Харолд Кочи

PDFПечатиЕ-пошта

( 5 Гласа )

Денес на 29.10.2015 година, првиот австриски Амбасадор во Р. Македонија (1997 - 2002) д-р Харолд Кочи заедно со Почесниот австриски Конзул д-р Валентина Илиева ја посетија НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола и на директорот г-динот Науме Ѓоргиевски му врачија книги за Австриската Библиотека од личната австриска Библиотека од Бад Ишл од Амбасадорот.

 

 

 


 

„Австрија чита, место за средба- библиотека“

PDFПечатиЕ-пошта

( 7 Гласа )

Најголемиот австриски фестивал на литературата го слави својот 10 годишен јубилеј! Под мотото „Австрија чита, место за средба- библиотека“ активност организира и Австриската библиотека во Битола, имено на 21.10. со почеток во 19.00 часот Почесниот конзул на Република Австрија во Република Македонија д-р Валентина Илиева пред присутните ученици од Музичкото училиште од Битола и ученици од Гимназијата „Таки Даскало“ од Битола прочита текстови за операта „Волшебната флејта“ од австрискиот музички и светски гениј Волфганг Амадеус Моцарт.

Читај повеќе: „Австрија чита, место за средба- библиотека“

   

Литературно читање на почесниот конзул со дечиња

PDFПечатиЕ-пошта

( 5 Гласа )

Во детскиот блок на НУУБ „Св. Климент Охридски“ се одржа втората работилница во рамките на проектот „Со читање книга до најдобра порака и личност“ во рамките на БИТФЕСТ 2015. Честа да им чита на децата ја  имаше Д-р Валентина Илиева почесен конзул на Република Австрија Во Република Македонија.На мошне интересен сликовит начин таа им ги пренесе доживувањата од приказната „Мини патува на одмор“ од авторката Кристине Ностлингер.

https://www.facebook.com/sv.klimentohridski/media_set?set=a.1099585396736337.1073741879.100000546606486&type=3&pnref=story


 

Сите заедно читаме

PDFПечатиЕ-пошта

( 4 Гласа )

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола во рамките на БИТФЕСТ 2015 започна со спроведување на проектот „ЧИТАМЕ СИТЕ ЗАЕДНО“.

Следејќи ги светските трендови и текови на развој на библиотеките, со овој проект се нудат современи алтернативни форми на промоција и полуларизација на книгата поврзувајќи ги културата на читање книги со општата култура и цивилизациски развој на Битола.

Во спроведувањето се вклучени значајни личности од јавниот живот на Битола љубители на книгата кои преку својата животна приказна им го претставуваат значењето на книгите во постигнувањето на нивниот успех.

На денешниот настан присутни беа Димитар Андоновски – естраден уметник, Маја Андоновска Илијевска - актер, Д-р Валетнина Илиева почесен конзул на Република Австрија во Република Македонија, Жанета Михајлова – воспитувач, Мартин Николовски – средношколец, Иван Марковски поранешен ракометен репрезентативец, Радован П. Цветковски – писател, Неда Маретиќ – новинар и тв водител и Д-р Ели Тасевска Димовска – специјалист педијатар.

Децата имаа можност да дознаат како книгите влијаеле на нив да станат успешни и кои им биле омилените книги како деца.

 

   

Страница 5 од 8

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер