English French German Macedonian

Австриска Библиотека

Новата австриска амбасадорка во прва посета на Битола

PDFПечатиЕ-пошта

( 7 Гласа )

JavaScript is disabled!
To display this content, you need a JavaScript capable browser.

 

Австриската амбасадорка донираше книги во библиотеката

PDFПечатиЕ-пошта

( 7 Гласа )

Со песничка најмалите од хорот Ѕвончиња и посакаа добредојде на австриската амбасадорка која е во официјална посета на Битола. Амабасадорката за австриската библиотека донираше околу 50 тина наслови на книги
- Денеска за австриската библиотека дониравме околу 50 тина книги, од кои повеќето се за дечињата, изјави Рената Коблер, амбасадор на Р.Австрија во Р.Македонија

- Во Австриската библиотека досега имавме околу 3000 наслови на книги, така што овие книги кои што ни ги донираше австриската амбасадора се од големо значење за нас, а посебно за најмалите, истакна директорот на библиотеката Науме Ѓоргиевски.
- Единствено во Битола имаме австриска библиотека со која можеме да се гордееме, бидејќи покрај тоа што граѓаните можат да читаат и да изнајмуваат книги туку се организираат и културни манифестации, изјави Валентина Илиева, почесен конзул.
Во знак на соработка и пријателство обете страни си разменија и подароци.

 

„Австрија чита, место за средба- библиотека“ - втора работилница

PDFПечатиЕ-пошта

( 4 Гласа )

Во рамките на најголемиот австриски фестивал на литературата „Австрија чита, место за средба- библиотека“, Австриската библиотека во Битола организира второ литературно читање. Почесниот конзул на Република Австрија во Република Македонија д-р Валентина Илиева заедно со ученици од О.У. „Ѓорѓи Сугарев“ од Битола го прочитаа текстот „Школски приказни за Франц“ од познатата австриска писателка Кристине Нестлингер. Во соработка со професорите по германски јазик и литература: м-р Ана Савеска и Ирена Миленковска, учениците ги превзедоа улогите на Франц, наставникот Свобода, родителите на Франц, бабата на Франц и го читаа директниот говор во текстот, додека д-р Илиева го читаше наративниот дел и на тој начин, воспоставена е една топла и пријатна книжевна атмосфера. За успешната интерпретација на улогите и активното учество во литературниот настан,почесниот конзул на Република Австрија во Република Македонија д-р Валентина Илиева на учениците учесници им подари пригодни подароци.

   

Донација на книги од д-р Харолд Кочи

PDFПечатиЕ-пошта

( 5 Гласа )

Денес на 29.10.2015 година, првиот австриски Амбасадор во Р. Македонија (1997 - 2002) д-р Харолд Кочи заедно со Почесниот австриски Конзул д-р Валентина Илиева ја посетија НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола и на директорот г-динот Науме Ѓоргиевски му врачија книги за Австриската Библиотека од личната австриска Библиотека од Бад Ишл од Амбасадорот.

 

 

 


 

„Австрија чита, место за средба- библиотека“

PDFПечатиЕ-пошта

( 7 Гласа )

Најголемиот австриски фестивал на литературата го слави својот 10 годишен јубилеј! Под мотото „Австрија чита, место за средба- библиотека“ активност организира и Австриската библиотека во Битола, имено на 21.10. со почеток во 19.00 часот Почесниот конзул на Република Австрија во Република Македонија д-р Валентина Илиева пред присутните ученици од Музичкото училиште од Битола и ученици од Гимназијата „Таки Даскало“ од Битола прочита текстови за операта „Волшебната флејта“ од австрискиот музички и светски гениј Волфганг Амадеус Моцарт.

Читај повеќе: „Австрија чита, место за средба- библиотека“

   

Страница 4 од 8

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер