Најавување

English French German Macedonian

Препорака на библиотекарот

Леонард Коен

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Канадскиот музичар, текстописец, поет, новелист и сликар, Леоанрд Коен остави зад себе трага во уметноста како ретко кој сеопфатен талент пред него. Како и во другите уметности тој беше врвен и во литературата.

Збирката на песни „Пламенот“ (The Flame), која ја комплетира неколку дена пред неговата смрт, ќе биде објавена во октомври, 2018 година. Коен почина неколку недели по објавувањето на неговиот последен музички албум „You want it darker“, а ќе биде запомнат во светот на литературата по неколку збирки на песни, меѓу кои и неговото првенче Let Us Compare Mythologies, како и Flowers for Hitler. Исто така, напишал и два романи од кои романот „Прекрасни губитници“ (Beautifull Loosers) стана класик на канадската анти-култура.

Во нашата Библиотека ги имаме следните негови книги: Книга на милосрдието (кратка проза) и Омилената игра (роман).

 

Подготвил: Александар Крстев (Оддел за информации)

 

Нобелова награда за литература

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Октомври вообичано е месецот во кој дознаваме кој популарен светски писател се здоби со Нобеловата награда за книжевност. Шведската академија во текот на оваа година, помеѓу останатите автори, направи избор од: Светлана Алексијевич – книжевник и новинар од Белорусија, американските писатели Филип Рот, Томас Пинчон и Боб Дилан, канаѓанките Алис Манро и Маргарет Атвуд, како и од јапонскиот писател кој од година во година се појавува како фаворит за оваа награда – Харуки Мураками.

Сепак, на крај, Нобеловата награда за литература ја добива британецот со јапонски корени, Казуо Ишигуро (https://www.youtube.com/watch?v=DoGtQPks3qs). Во описот на овој писател можеме да препознаеме осум прозни дела од кои наградувани се „Уметникот на пловечкиот свет (An Artist of the Floating World)“ – 1986 и неговиот најпознат роман „На крајот од денот“ – кој е носител на престижната Букерова награда – 1989 година и кој доживува и своја екранизација во 1993 година (https://www.youtube.com/watch?v=dsH83p_mfEs). Романот „Никогаш не оставај ме“, кој го имаме во нашата Библиотека и кој е достапен за читателите, е утврден од страна на книжевните критичари на престижното списание „Тајмс“ на листата на 100 најдобри романи на англиски јазик на сите времиња. Помеѓу останатите негови дела ги сретнуваме и насловите: „Без утеха“, „Кога бевме сиромашни“ и „Ноктурно“.

Некои од анегдотите поврзани за нобеловата награда се и тие дека просечната возраст на добитниците е 64 години, додека најмладиот автор Радјард Киплинг (добитник на 42 годишна возраст) – а најстариот писателката Дорис Лесинг (добитничка на 88 годишна возраст). Исто така, куриезитет е што Винстон Черчил е добитник токму на Нобеловата награда за литература, за која бил номиниран дури 20 пати (иако многу сметаат дека е добитник на Нобелова награда за мир), а единствените двајца кои ја одбиле биле Борис Пастернак (1958) и Жан Пол Сартр (1964).

Оваа награда за литература никогаш не ја добиле имиња како: Толстој, Ибзен, Зола, Џојс, Пруст, Кафка, Набоков, Борхес...

 

Припремил: Александар Крстев (Оддел за Информации)

   
Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер