English French German Macedonian

Најчитани наслови

Крововите на Техеран

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во едно од соседствата во главниот град на Иран, Паша го поминува летото во 1973-та на покривот на неговата куќа со неговиот најдобар пријател Ахмед. Тие во еден момент се шегуваат, а веќе во следниот поставуваат длабоки прашања за животот и ја планираат иднината. Но, освен животните прашања за кои разговараат, Паша го мачи и една друга болна тајна - тој е заљубен во прекрасната сосетка Зори, која уште од раѓање му е ветена на друг.

И покрај тоа што го мачи грижата на совест, кревкото пријателство на Паша со Зари тоа долго, топло лето се претвора во длабока врска полна со емоции. Но повеќемесечната магија на прекрасни украдени моменти се руши за само една ноќ со една ненамерна грешка на Паша. Поради суровите последици од тој еден настан, тој и неговите пријатели одеднаш ќе станат свесни за диктатурата во која живеат, а Зари ќе донесе незамислива одлука со која Паша можеби никогаш нема да може да си дојде на себе.

 

„Имприматур“ - Моналди и Сорти

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Кога била првпат објавена во Италија во 2002 година, книгата предизвикала огромен број контроверзии, била бојкотирана од италијанските медиуми и од сите издавачки куќи. Сепак, романот станал европски бестселер.
Ексклузивна можност одблиску да ги запознаете Рита Моналди и Франческо Сорти, брачната двојка чија трилогија составена од „Имприматур“, „Секретум“ и „Веритас“ даде нова слика за италијанската и пошироко – за европската историја.Иако приказната е фиктивна, многу од ликовите и настаните се вистинити.

Читај повеќе: „Имприматур“ - Моналди и Сорти

   

Страница 5 од 5

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер