English French German Macedonian

Најчитани наслови

„Кошмар“ -Лаш Кемплер

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Безживотното тело на млада жена е пронајдено на брод, и сите знаци укажуваат на тоа дека била удавена. Но, најчудното нешто е што нејзините алишта се сосема суви.
Следниот ден во Стокхолм пронајден е обесен човек, станот е целосно празен. Неминовно се поставува прашањето како успеал да се обеси без ниту едно парче мебел во домот?

Читај повеќе: „Кошмар“ -Лаш Кемплер

 

Мали црни лаги

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Кетрин и Рејчел се пријателки од деца, сродни души, неразделни, не можат една без друга. Сè додека еден момент невнимание од страна на Рејчел не ја остави Кетрин без нејзините сакани синови. Таа веќе не е мајка, таа веќе не е нормална личност; таа е сенка од човек. И нема да се смири сè додека не ја натера Рејчел да плати за сè.

Фолкландските Острови се мирно место каде сите меѓусебно се познаваат и убаво си живеат, па кога одеднаш почнуваат да исчезнуваат деца кои сомнително многу личат на починатите синови на Кетрин, населението го фаќа хистерија...

 

Сите црвенкапи се исти

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Приказна за една изгубена генерација во која авторот со реален пристап и јазик силно го развива сижето на романот кој се однесува на еден колку реален, толку и имагинарен или нереален свет и начин на живот, каде што допира дното, а со што се укажува на една вистина која е присутна во современиот начин на живеење, пред сè на младите луѓе. Главниот јунак, кој е авторовото алтер-его, го раскажува својот губитнички, безнадежен живот кој го живее меѓу стихијноста, демоните и пороците во својот изобличен град, меѓу изобличени луѓе, во изобличена земја...

   

Изгубени во љубовта

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Една случајна средба. Прва љубов. Неверојатно сознание.

Можеш да сакаш само еден, до крајот...

Лажи ме, но сакај ме засекогаш. Избриши ме од сеќавања, но не и од срце.

Оливија Каспен отсекогаш знаела како да добие сè што ќе посака. Сепак, сега мора грчевито да се бори за тоа што некогаш го имала. Откритието дека нејзиното поранешно момче, Кејлеб Дрејк, го изгубил своето помнење повторно ќе го растрепери нејзиното срце...

 

Насмевка со цимет

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Виртуозна љубовна приказна, сместена во Градот на Светлината... Љубовен триаголник помеѓу еден зрел француски режисер, неговата петнаесет години помлада сопруга - македонска актерка во подем и нејзиниот поранешен сопруг, привлечен сликар од Њујорк.

Интензивен „емотивен танц“ помеѓу главните актери на романот, чудесно преплетување на нивните реминисценции од минатото, но и на комплицираните нитки на сегашноста...

   

Страница 4 од 5

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер