Најавување

English French German Macedonian

Архива (наслови)

„Биглино“

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Првиот впечаток што се наметнува при читањето на книгата „Биглино”, од Ило В. Гајтаноски е дека таа и припаѓа на оној тип прози какви што се „Приказните од старата воденичка” од Алфонс Доде – силно врежани сеќавања во зборовите и душата на раскажувачот, во кои деталите, лицата, миризмите и боите пливаат низ родниот предел.
Биглино има повластено место во авторовата сентиментална топографија во која реалистичното и поетичното се преплетуваат преку впечатливата јазична свежост и изворност.

Читај повеќе: „Биглино“

 

„Експеримент 51“

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Додека ја читате книгата имате чувство дека гледате филм! - ова е најчестата реакција на читателите за романот „Експеримент 51“, првенче на македонскиот автор Методија Диневски. Оваа возбудливо четиво ќе ве поведе на патување во античко време. Роман е исполнет со голем број на факти и докази кои алудираат на тоа дека ние сме експеримент на туѓа цивилизација.

   

„Добро утро Јаков“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во светот за кој говори романот „Добро утро Јаков“, по дефиниција, нема место за невините. Не само затоа што политиката е домен во кој не може да има невини, ами и зашто, и теоретски, но и практично, во неа царуваат двојствата: двојни принципи и стандарди, дволични постапки и карактери, двосмислени потези и искажувања, безбројни двоумења, подвојувања..
Во „Добро утро Јаков“, играта на двојствата, започната во „Портрет од Дрезден“, станува посложена. Не само на формален план, преку повторување на конкретни дејства или ситуации, ами и според неговата ономастичко-семантичка структура. Личните имиња делумно исчезнале, небаре се непотребни белези, за да им го отстапат местото на означувањата или, условно кажано, на прекарите, кои може да ни дадат многу повеќе информации за ликовите.

Читај повеќе: „Добро утро Јаков“

 

„Ќерките на Рим“

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Бурната 69-та година, во историјата позната како „година на четирите цареви“, ќе промени многу нешта во Римското царство, а особено ќе влијае врз животите на четири жени, лично поврзани со судбината на Рим. Едната од нив, Корнелија, отмена и амбициозна жена, претставува олицетворение на совршена римска сопруга која живее за денот кога нејзиниот верен сопруг ќе стане цар. Нејзината сестра Мерсела ја одбрала улогата на непристрасен набљудувач на случувањата кои ќе доведат до крвавиот пресврт што ќе им го смени животот.

Читај повеќе: „Ќерките на Рим“

   

„Чест“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Две сестри близначки се раѓаат во едно традиционално курдско село, во кое најголемиот чеиз на жената се нејзината чистота и покорност. Животот ги носи по различни патишта – Џамила останува бабица во родниот крај, а Пембе „по грешка“ се мажи за да го види светот. Нејзините деца го бараат своето место под лондонското сонце: седумгодишниот Јунус се здружува со панкерите сквотери, бунтовната Есма се бори против родовата нееднаквост, а најстариот Искендер станува глава на семејството откако татко им ги напушта. Заробено во стегите на минатото и традицијата, целото семејство е неповратно урнисано поради едно морничаво злосторство – убиство од чест.

Читај повеќе: „Чест“

 

„Четириесет правила на љубовта“

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Во својот заводлив лиричен роман Четириесет правила на љубовта, светски познатата турска авторка Елиф Шафак ни ткае две паралелни приказни – едната современа а другата историска – и преку „четириесетте правила на љубовта“ ни ја доближува древната суфистичка филозофија што се заснова на единството на сите народи и вери и присуството на љубовта во секој од нас.
Ела Рубинстајн е четириесетгодишна несреќно омажена домаќинка што добива ангажман да прочита и да напише извештај за Слатко безбожништво – историски роман за судбоносната средба на исламскиот учител Руми и неговиот духовен водач, ексцентричниот дервиш скитник познат како Шемс од Тебриз. Притисната од личните проблеми, но и заинтригирана од мистериозниот автор Азиз З. Захара - фотограф, светски патник и суфист, таа започнува да се допишува со него.

Читај повеќе: „Четириесет правила на љубовта“

   

Страница 2 од 70

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер