Најавување

English French German Macedonian

Архива (наслови)

Девојката на командантот

PDFПечатиЕ-пошта

( 3 Гласа )

„Краков, Градот на Кралевите, не беше веќе мој. Станав туѓинец во градот што отсекогаш го нарекував дом.“

Септември 1939. Светот на деветнаесетгодишната еврејка Ема Бау и се испревртува преку ноќ кога Германија ја окупира Полска. И, по само шест седмици брак, нејзиниот сопруг Јаков, член на Движењето на отпорот, е принуден да напушти...

 

Чест

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

Две сестри близначки се раѓаат во едно традиционално курдско село, во кое најголемиот чеиз на жената се нејзината чистота и покорност. Животот ги носи по различни патишта – Џамила останува бабица во родниот крај, а Пембе „по грешка“ се мажи за да го види светот. Нејзините деца го бараат своето место под лондонското сонце: седумгодишниот Јунус се здружува со панкерите сквитери, бунтовната Есма се бори против родовата нееднаквост, а најстариот Искендер станува глава на семејството откако татко им ги напушта...

   

Критична точка

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

Колку далеку ќе одите и што се ќе направите за да си го спасите сопственото дете од канџите на психопатски убиец и заговорник? Ќе посегнете ли по животот на најмоќниот човек на светот за да стигнете до својата цел? ...

 

Снежното дете

PDFПечатиЕ-пошта

( 3 Гласа )

Роман за вистинските љубители на модерните бајки, за луѓето кои никогаш не престанале да сонуваат за еден друг, поинаков имагинарен свет со поинаква димензија.
По напуштањето на своето родно место и по смртта на нивното дете, Џек и Мејбел се населуваат во дивата Алјаска, со цел да создадат нов дом, и да започнат од почеток со своите животи. Но, и таму не е се како што си замислувале. Таму владеат поинакви сурови закони на природата, а секој нов ден е нова борба за опстанок...

   

Заточеник на небото

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

Едно студено декемвриско утро во 1957 година, во книжарницата „Семпере и синовите“ влегува таинствен човек со злокобен изглед, купува примерок на Гроф Монте Кристо и во него остава необична порака за Фермин Ромеро де Торес. Даниел Семпере, вознемирен од појавата на непознатиот, почнува да истражува какви нишки ги поврзуваат него и неговиот најдобар пријател. Пред него се открива еден мрачен период од минатото на Фермин и неговата врска со Давид Мартин, необичен писател чија животна судбина се преплетува со судбината на Даниел, без да биде тој свесен за тоа...

 

Римската љубовница

PDFПечатиЕ-пошта

( 3 Гласа )

Првиот век од новата ера. Рим е град на пороци, тајни и крвави борби. Плашејќи се од атентат, суровиот и мистичен цар Домицијан се крие од секого освен од својата миленичка, која единствена од сите царски жени со години успева да го задржи неговиот интерес...

   

Страница 8 од 70

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер