English French German Macedonian

Архива (наслови)

„Господарот“ - Колм Тојбин

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Трогателна приказна за еден живот растргнат меѓу нереализираната љубов и осамената посветеност на прозата.
Романот Господарот на Колм Тојбин ги опфаќа клучните животни епизоди на еден од најголемите писатели на XX век, Хенри Џејмс, и мајсторски го проектира психолошкиот портрет на авторот на Свртување на завртката и Портрет на една дама. Во јануари 1895 година Хенри Џејмс ја очекува сценската поставка на својата прва драма Гај Домвил во Лондон.

Читај повеќе: „Господарот“ - Колм Тојбин

 

Опасно блиску

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

Две соседни семејства, Катер и Ленглиеви, и тајните кои што ги поврзуваат ќе ви покажат колку опасноста може да биде толку далечна, а толку многу блиска...
Адам и Дерек се први соседи, но и најдобри пријатели, кои се интересираат за собирање на стари компјутери и компјутерски делови. Нивните домови се оддалечени на само педесетина метри. Еден „црн“ петок Адам и неговото семејство решаваат да заминат на еднонеделен одмор, а Дерек одлучува да го искористи нивниот дом за тајни состаноци со неговата девојка. Скришум, откако Ленглиеви заминуваат, Дерек останува сам во нивната куќа. Навидум сите услови се исполнети за љубовен состанок, на кој никој нема да го прекинува.

Читај повеќе: Опасно блиску

   

Сенки од минатото

PDFПечатиЕ-пошта

( 7 Гласа )

Сега е единствената наследничка на домот со огромен имот во Франција.
Една стара тетка со песни ја води во потрага по мистериозната Софија, чија трагична љубов го сменила курсот на семејната историја.
Додека ги открива семејните тајни, се впушта во лично патешествие низ времето, согледувајќи дека замокот може да и ги даде одговорите за нејзиното минато и конечно да ја отклучи иднината.

 

Девојчето на гребенот

PDFПечатиЕ-пошта

( 9 Гласа )

Погодена од неодамнешната загуба, Рајан се враќа во Ирска, во прегратката на семејството што ја сака. И токму тука, на ивицата на гребенот, за првпат ја сретнува Аурора, девојче кое ќе и го промени животот од корен. Аурора мистериозно ја привлекува, а Рајан открива дека историјатот на нивните семејства е необично и мошне длабоко испреплетен... Од горка романса во воениот Лондон, до една сложена и тешка врска во современиот Њујорк, од верноста кон пронајденото дете, до заборавените спомени на изгубениот брат, минато и сегашност... Конечно, Аурора, со својата интуиција ги отклучува ланците на минатото.

   

Чекајќи го Годо

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Чекајќи го Годо“ е антидрама (театар на апсурдот), која претставува празнина, чекање како празно дејство. Во неа има низа дејствија и низа дијалози кои не претставуваат ништо – само празно губење на времето додека се чека нешто што нема да дојде.
Ако животот на Мерсо од „Странецот“ на Ками е бесмислен и апсурден, тогаш животот и ликовите во оваа драма се супербесмислени и суперапсурдни.
Темата на драмата е содржана во насловот, чекањето на двата главни лика (Естрагон и Владимир) на Годо, кој им ветува работа и подобар живот.
Идејата е во бесмислата на животот која сепак е поткрепена со надеж за подобра иднина и пронаоѓање на смислата. Надеж, дека утре ќе биде подобро, дека утре можеби ќе дојде Годо.

Читај повеќе: Чекајќи го Годо

 

Длабоко во душата

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

„Сега дишев само по патот на нејзиниот здив, живеев само по патот на нејзиниот пулс. По телото почувствував огномет на илјадници прсти истовремено, јас бев радост, задоволство, среќа и опиеност, имав чувство дека умирам и дека истовремено, одново се раѓам“

   

Страница 5 од 70

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер